X
 16.05.2016 Уметност

Научете како да ја нацртате својата рака во 3D

Блогот „Girotondo“ нуди доста забавни и интересни активности. Тој изобилува со креативни идеи и препораки за креативни трудови, препораки за едукативни сликовници, работни листови кои можете да ги преземете, активности за развој на моторните вештини, препораки за места по мерка на децата и уште многу други нешта.

 

3d


Целта на блогот е да се поттикнат родителите квалитетно да го поминат времето со своите деца.

За таа цел блогот нуди интересна работилница за 3D цртање.

Вистинските ликовни виртуози создаваат чуда во 3D техника, но сепак на блогот ваквото цртање е претставено на едноставен начин.

3D цртањето воедно им помага на децата да ја сфатат тродимензионалноста, иако на почеток веројатно ќе се зачудат со магијата на хартија.

 

1


За почеток моделот нека биде вашата рака

Ставете ја дланката со раширени прсти и нацртајте го обликот на хартијата. Потоа земете линијар и од двете страни на хартијата оставете растојание од 0.5 сантиметри. Со линијарот поврзете ги двете спротивни точки, меѓутоа не преку раката. Отпечатокот на раката мора да остане празен.

 

2

 

4

 

Кога ќе ги поврзете сите точки, спојте ги и точките во раката со малку искривени линии.

 

6


Ако сакате шарен отпечаток на раката, на секоја линија додајте шарена црта со дебел фломастер. Можете да си поиграте со комбинацијата со шарени бои на линиите. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност