X
 10.07.2016 Здравје

Причината поради која жените почесто имаат мигрена од мажите

Иако не се знае што точно ја предизвикува мигрената, се знае дека кај жените се појавува четири пати поечсто отколку кај мажите. И ова не е клише туку научен факт.

 

мигерна


Но, токму поради бројот на луѓе кои боледуваат од мигрената и фактот што се'уште не може да се реши, научниците работат на тоа да дознаат повеќе за оваа болна појава и да го пронајдат лекот за неа.

Едно ново истражување, неодамна објавено во магазинот „The BMJ“ открива дека жените кои имаат мигрена исто така имаат поголема шанса да развијат срцеви заболувања и поголем ризик да добијат срцев удар.

Научниците до овој заклучок дошле откако ги прегледале здравствените податоци на 11.550 жени на возраст од 25 до 42 години. Имено, научниците во текот на 22 години ја следеле здравствената состојба на жените кои имале и немале мигрена.

Од тој број на жени, 15% од нив пателе од мигрена, а токму половина од нив имале сериозни срцеви проблеми во однос на жените кои немале мигрена.

Врз основа а резултатот на ова истражување, еден од заклучоците на истражувањето било тоа дека жените со мигрена треба да се третираат како жени со зголемен ризик од срцеви заболувања. Сепак, истражувањето не успеало да одреди како точно болката во главата влијае врз срцето, но е можно поврзаноста да се наоѓа во генетиката, воспалителните процеси во телото или проблемите со крвните садови.

Друго истражување неодамна објавено во магазинот „Neurology“ ја барало поврзаноста помеѓу хормоните и мигрената, за што експертите веќе долго време сомневале дека постои силна поврзаност. Мигрената исто така жените ја чувствувале два до три дена пред почетокот на месечниот циклус. Но, ова истражување имало релативно мал примерок на испитаници, поточно 114 од нив имале мигрена и 223 немале мигрена. Тие воделе дневници за тоа кога имале главоболка и собирале податоци за хормоните и давале примероци од мокрачата во текот на еден меструален циклус во годината. Целото истражување траело 10 години.

Научниците откриле дека жените кои имаат мигрена, се соочуваат со опаѓање на нивото на естроген неколку дена пред месечниот циклус во споредба со жените кои немаат мигрена. Овој пад на естрогенот е всушност предизвикувачот на силните главоболки. „Не е баш веројатно само хормонот да влијае врз мигрената, но може да биде доста важен фактор во сето тоа“, вели Д-р. Нанет Санторо, авторка на истражувањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје