X
 12.07.2016 Култура

Работи кои покажуваат дека си Македонец

Балканците се луѓе кои човек лесно може да ги препознае, без разлика каде се во светот. Балканскиот народ има слична култура, традиции и слични навики. Сепак, во одреден дел постојат минимални разлики помеѓу традициите и навиките на секоја балканска нација.

 

македонец


Во продолжение се карактеристиките кои ги имаме ние Македонците.

1. Обожаваме алкохол и пиеме многу


Како и многу работи, и ова звучи како генерализација, меѓутоа е вистина. Ние Македонците обожаваме да пиеме алкохол, а еден од најпознатите е ракијата.

2. Не е чудно ако го прашаш соседот да ти позајми масло, ориз или кафе


Иако може да им звучи чудно на другите народи, оваа навика се'уште е присутна меѓу Македонците. Иако се бориме да балансираме помеѓу присуството на западната култура и задржувањето на националните вредности, се'уште постојат Македонци кои не се срамат да тропнат на вратата на нивниот сосед и да побараат ваква услуга.

3. Ги даваме последните пари за во кафана

Иако имаме ограничен буџет и ниски плати, сепак многу Македонци не се грижат ако ги остават последните пари в кафана, местото каде можеш да пиеш ракија, да јадеш и да слушаш македонска изворна музика. Исто така, сакаме да одиме од едно во друго кафуле или кафана се' додека не банкнотираме.

4. Се расправаме за историја; со други луѓе и меѓу себе

Историјата а Ахилова пета за Македонците. Најлошиот дел е кога некој се обидува да го убеди Македонецот да ја оддели историјата од политиката... ова е моментот кога започнува дебатата и никогаш не престанува.

5. „Мора да го посетите Охрид, и Маврово и...“

Македонците едноставно не можат да замолчат додека не ја докажат реченицата. Но, вистина е. Имаме прекрасна природа и неверројатни пејзажи!

6. „Запршка“ или ништо од манџата!

Нашите баби и мајки ја користат оваа мешавина во секој возможен ручек. Македонската девојка никако не смее да го смени рецептот со запршката или манџата нема да биде како онаа на нејзината баба или мајка.

7. Ги имате гледано „Пред дождот“, „Прашина“, „Бал-Кан-Кан“ и „Тетовирање“ барем еднаш

Постојат неколку култни македонски филмови и ние сме навистина сме горди на нив.

8. Ја почитуваме и ја сакаме алтернативната музичка сцена

Како и другите балкански земји, Македонија има огромен број на кафани и дискотеки каде може да се слушне турбо фолкот. Меѓутоа Македонците знаат да уживаат и во добра рок музика.

9. Гледаме фудбал и сите се обложуваме - и мажите и жените


Фудбалот е еден од националните спортови и истиот се почитува и се сака, додека обложувањето стана еден вид традиција.

10. Пријателски сме настроени и гостопримливи

Ова е нешто со кое е горд секој Македонец: пријателски сме настроени и уживаме да им посакаме добредојде на гостите со вкусна храна, насмевка и добра ракија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура