X
 05.08.2016 Образование

Кој американски претседателски кандидат нуди подобри образовни реформи?

Образованието е можеби едно од главните прашања за секој претседателски кандидат. Меѓутоа, кандидатите од американската претседателска кампања за 2016 година не покажаа поголем интерес за образованието во Америка и не дадоа конкретни ниту општи предлози за образованието.

 

образование


Факт е дека образованието не е главниот фокус на кампањите на Хилари Клинтон и Доналд Трамп - кандидатите на Републиканците и Демократите донекаде ги најавија нивните ставови кога станува збор за образованието.

Доналд Трамп даде забелешка во една реченица додека Хилари Клинтон сподели посеопфатен преглед во однос на нејзината платформа поврзана со образованието. Еве кои се залагањата на двајцата претседателски кандидати кога станува збор за ова поле.

Образовната платформа на Доналд Трамп


„Ќе ги спасиме децата од неуспехот на училиште со тоа што ќе им помогнеме на родителите да ги испратат во безбедни училишта по сопствен избор“, изјави Доналд Трамп.

Ова беше единствената реченица во која Трамп го споменува образованието. Дури и неговите синови Доналд Џуниор и Ерик дадоа позначајни изјави поврзани со образованието. Но, со оглед на тоа што Трамп е познат по тоа што дава кратки детали, неговата забелешка не беше изненадување, меѓутоа она за кое луѓето започнаа да се прашуваат беше како Трамп ги одлучил карактеристиките на едно неуспешно училиште.

Образовната платформа на Хилари Клинтон

Како што Трамп го спомна образованието онака, во текот на говорот, претседателскиот кандидат на Демократите, Хилари Клинтон даде сеопфатна платформа на образованието, ставајќи акцент на училишните реформи. Таа ги најави плановите за бесплатно високо образование за ниската и средната класа на државните универзитети.

Клинтон вети дека ќе стави крај на „образовните војни“ и ќе го прошири пристапот до здравствената заштита на децата.

Таа себеси се нарече кандидатот на наставниците откако објави дека планира да ги зголеми платите на наставниците, да го елиминира долгот на колеџите, да изгради нови училишта и да вклучи нови компјутерски курсеви во програмата К-12.

Хилари Клинтон наспрема Доналд Трамп

Иако се чини дека предлогот на Хилари е подобар во однос на оној на Трамп, експертите велат дека демократската страна се'уште има недостатоци кои треба да се пополнат. Планот на Клинтон за „колеџи без долг“ предизвика дебата дали отстранувањето на кредитите на студентите ќе резултира со повеќе дипломирани студенти. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование