X
 19.08.2016 Образование

Филозофски факултет атрактивен за младите, се пријавиле 680 кандидати

Филозофскиот факултет од Скопје, во првиот уписен рок имал 680 кандидати, што значи дека покрај Економскиот од општествените науки и за овој факултет има голем интерес кај младите. Деканот Горан Ајдински не информираше дека се пријавиле кандидати со одличен успех, посебно на насоките за кои има најголем интерес.



- Традиционално, голема заинтересираност има за Институтите по Психологија, Безбедност одбрана и мир, Социјална работа и Дефектологија.  Годинава имаме пријавено повеќе кандидати за разлика од лани, што многу ме радува и покажува дека младите знаат да препознаат квалитетни студии. За некои нaсоки, квотите ќе ги исполниме уште во првиот рок, а секако дека ќе има место на некои Институти за студенти и во вториот и во третиот уписен рок - вели Ајдински.

Денеска завршува првиот уписен рок на УКИМ. Покрај Филозофски и Економски факултет, голем интерес за упис има и на Медицинскиот факултет, а во последните години расте интересот и за студирање на технички науки.
Подготвил: М.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование