X
 30.08.2016 Живот

Лошата страна на писмената комуникација

Удобноста на пишувањето пораки и испраќањето забавни сликички е интересно, но што станува со пораките на кои не сме добиле одговор, оние во кои сме употребиле сарказам и сме биле неучтиви или со објаснувањата што често несвесно ги даваме зошто не сме одговориле на пораката?

пишување


Еве шест начини како современото комуницирање преку пишување ви штети, а за тоа можеби и не сте свесни:

1. Недостаток на важни невербални тактики за комунијација: овде се вклучени флексијата на гласот, фацијалните експресии и говорот на телото, а не се елементи на комуникацијата преку пишување. Ако често се потпирате на сарказмот во говорот во живо, не сте во можност да го употребите, ниту пак шегите може да ви бидат случајни. Граматиката е исто така важен елемент на кој треба да се внимава, а многу интерпунциски знаци ако се пропуштат може да направат важна разлика во комуникацијата. Како би знаеле колку некој се насмеал? Запишувањето на моментот на смеење со „хахаха“ не гарантира дека личноста со која комуницираме навистина се насмеала.

2. Мажите и жените го вреднуваат пишувањето различно: за двата пола комуникацијата има различно значење. Многу професори што го обработуваат комуницирањето како наука велат дека мажите комуницираат за да добијат информација, а жените за да креираат интимност. Во првиот случај, штом мажите ја добијат информацијата сметаат дека нема што повеќе да кажат. Жените се зближуваат преку комуникацијата , затоа често зборуваат многу долго. Овде се јавува и проблемот: жените пишуваат за да се зближат, мажите подобро се зближуваат преку правење активности заедно. Ако тој поретко пишува од неа и со помалку ентузијазам, креира слика дека не се интересира доволно.

3. Лажно чувство на моќ: со пишувањето се креира нова дефиниција на моќ. Историјата ја дефинира моќта како способност да се влијае или да се насочи однесувањето на другиот. При пишувањето моќта ја дефинираат пораките што сé уште не се одговорени. При секое праќање на порака постои можноста да бидеме игнорирани. Примачот може да го стави телефонот во џебот и да го игнорира вашето постоење. Значи, ако сте пратиле порака и не сте добиле одговор, сте изгубиле и малку моќ. Уште полошо е ако не сте сфатиле дека сте игнорирани. Очекувањето на одговорот во тој случај носи анксиозност, а на крај можно е чувство на срам и отфрленост.

4. Информација дека пораката е видена: популарното “seen“ веројатно има две значења, примачот е зафатен за да одговори на пораката или вие сте тотално неважни. Од друга страна, ако примачот е информиран дека сте ја примиле пораката, веројатно и ќе чувствува и вина и притисок за да ви одговори.

5. Лоши лаги: ако некој ве убедува дека не ја видел пораката, не ја добил или не погледнал во телефонот, постои голема можност да ве лаже. Не мора да се одговори на пораката веднаш откако се примила поради активности во реалниот живот, што се целосно оправдани наспроти зависноста од технологијата. Но, некои оправдувања што се користат се навистина смешни.

6. Разговорот никогаш не завршува: При пишување разговорот како да нема почеток и крај, ако не испратиме порака другата личност ќе смета дека ја игнорираме. Дури не им даваме можност на луѓето да им недостигаме затоа што постојано сме сред некој разговор со нив. Постојаната поврзаност преку технологијата спречува навистина да посветиме време на себе и да бидеме сами, да растеме креативно и духовно. Ако постојано сте сред разговор со некој друг, веројатно никогаш нема да постанете свои, а тоа е многу важно.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот