X
 27.09.2016 Уметност

Култни филмски сцени што се украдени од други филмови

Се вели дека „солидните уметници позајмуваат, одличните – крадат“. Во тој случај, Стенли Кјубрик, Стивен Спилберг, Квентин Тарантино и Џорџ Лукас мора да се врвни уметници на модерното време. Секој од наведените режисери, кои патем се наградени за својата оригиналност и креативност, „здиплиле“ по некоја идеја од претходни филмови.

 

film

 

Но, тоа не треба да нè изненадува. Сите тие се инспирирани од работата на нивните претци. Мала и невина имитација не значи отсуство на креативност, туку почит кон идејата. Тоа е „длабок наклон“ пред историјата на уметничката форма. Генерално, така „стојат“ работите, независно дали се работи за филмски режисери, сликари и сл.

 

Поинтересни се приказните зад украдените филмски сцени. Дали сте знаеле дека најпознатиот момент во филмот The Shining е позајмен од шведски хорор филм? Или дека The Lord of the rings му „симнува шапка“ на The Wizard of Oz? Или дека наjпрепознатливата сцена од Star wars случајно потсетува на пропагандниот нацистички филм Triumph of the will?

 

На видеото во прилог се издвоени 10 филмски сцени што се позајмени или украдени од други филмови, а вие проценете дали се согласувате или не со изборот на Screen rant.

 

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност