X
 14.10.2016 Наука

Пронајдени човечки стапки стари 19 илјади години

Повеќе од 400 човечки стапки биле пронајдени од геолози кои се верува дека датираат пред околу 10.000 и 19.000 години.


Претходно се веруваше дека стапките датираат од пред речиси 120 илјади години и биле заштитени од пепелта која паѓала од небото, по ерупцијата на вулканот 
Ол Доинјо Ленгаи, кој е во непосредна близина. Истражувачкиот тим сега подобро го идентификувал периодот од кој потекнуваат стапките, токму заради утврдувањето дека пепелта и остатоците од ерупцијата на вулканот се причинители за зачувување на истите.

 

 

 


Стапките се наоѓаат во близина од 9 милји до вулканот кој е свето место за Масаите.



Истражувачите велат дека постои место каде што има голем број на стапки и ја нарекле „dance hall“. На ниедно место во Африка не се пронајдени толку многу човечки стапки до сега.


Откритието е направено на јужниот брег на езерото Натрон во селото Енгаре Серо во сееврна Танзанија. Вулканот кој е светост за Масаите е веднаш над езерото. Тие уште го нарекуваат „Господова планина“.
 

 

 


Стапките, според истражувачите се траги на нашите предци, нивните активности и однесување во Плеистоценот.


Обично Масаите се движеле во тој регион кога му оддавале почит на својот Бог Енгаи, токму на “Господовата планина“.

 

 

 


Откако стапките биле направени, биле прекриени со друг слој на кал и пепел од ерупцијата на вулканот. Истражувачите идентификувале 24 примероци, вклучувајќи и доказ дека некои од стапките биле направени од луѓе кои џогирале. Други пак, 12 примероци се дел од група на луѓе која заедно патувала.


Некои од стапките биле пронајдени пред десет години од локален селанец, но им го привлекло вниманието на научниците во 2008. 
Истражувачите ќе креираат и ЗД снимки од целиот регион. Научниците веруваат и дека има уште непронајдени стапки под калта. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука