X
 05.01.2017 Живот

Кои се земјите со најлош интернет пристап?

Околу 90 проценти од Африка и понатаму остануваат без интернет пристап, според податоците од „Internet Live Statistics“. И покрај огромниот технолошки бум на континентот, во последните години резултатите покажуваат дека девет од десет најмалку поврзани земји во светот се наоѓаат во Африка.

Во декември 2016 година, Владата на Гамбија го исклучи интернетот во текот на претседателските избори, но и покрај тоа само 17 отсто од населението имаат пристап. Надвор од Африка, Мјанмар, во Југоисточна Азија, е рангирана како десетта најмалку поврзана земја односно само 7 проценти од населението е онлајн.


мапа


Пристапот до интернет сега се смета за основно човеково право според Советот за човекови права на Обединетите Нации, кој донесе начелна резолуција во јуни минатата година. Во агендата на Обединетите Нации до 2030 година интернетот е опишан како еден од клучните забрзувачи на развој. Агендата гласи вака:

„Ширењето на информатичката и комуникациска технологија и глобалната поврзаност има голем потенцијал да го забрза човечкиот напредок, да го премости дигиталниот јаз и да развие општества кои ќе се стекнат со знаење, исто како и научните и технолошки иновации во различни области како медицината и енергијата.

> Оваа вест доаѓа по повеќе од две и пол години откако основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг, започна со проектот „Internet.org“. Организацијата се надева дека ќе го прошири пристапот до интернет низ светот, со користење на беспилотни летала, а веќе им овозможи на 25 милиони луѓе да добијат слободен пристап до интернет.

Сепак, земјите во Африка како Сомалија, Сиера Леоне, Еритреја и Гвинеја и понатаму остануваат неповрзани. Помалку од 2 проценти од населението во овие земји имаат пристап до интернет.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот