X
 01.02.2017 Образование

Наставната програма во која не постојат предмети - само проекти

1

„Новата наставна програма за основно образование се фокусира на радоста при учењето“, вели наслов на владината веб страница за образование. Оваа нова програма е основана на „позитивни емоционални искуства, и творечка дејност“.

Финска на своите училишта им овозможи нова наставна програма со намалена содржина на предмети. Со тоа, таа ги охрабри училиштата да ги учат учениците преку учење низ проекти.

Со години Финска се наоѓа на врвот на меѓународните рангирања за писменост и математика, меѓутоа во последниве неколку години доживеа минимален пад. Истражување објавено во декември покажа дека Финска се најде на 12-то место во меѓународната лига по математика, позади Холандија и Канада, меѓу другите.

Како одговор на тоа, во земјата која долго време негуваше репутација за обуки на наставници со висок статус, во кои општеството имаше целосна доверба, бидејќи знаеше дека единствено тие можат да обезбедат високо квалитетно образование.

Велика Британија „на големо“ се обидува да ѝ се доближи на Финска. Така, училиштето „XP“ во Донкастер, Јужен Јоркшир изгледа како мест чиа цел е да се фокусира на позитивните емоционани искуства. Ко-основачот и извршниот директор Гвин ап Хари веи дека имале и потешки моменти.

„Плачиме многу. И не сме хипици, ами панкери. Гледаме работи кои не сме ги виделе претходно. Кога ќе видите како децата водат родителски после само шест недели, без наставници, како зборуваат толку елоквентно - неверојатно е. Родителите доаѓаат и ни велат: „Не можам да поверувам дека тоа му се случува на моите деца - тие растат пред мои очи“.

Училиштето е инспирација од „High Tech High“ во Сан Диего, Калифорнија, кое има сличен систем и содржи елементи од програма наречена „експедитивно учење“. Учииштето „XP“ е доста различно од другите училишта во Велика Британија. Како што вели извршниот директор, не сакаат да го користат зборот „традиционален“ или „прогресивен“.

Иако сите главни предмети не постојат како посебен предмет, шпанскиот сепак се изучува како посебен. Сè останато се учи преку таканаречени „експедиции“ или проекти, секогаш со некаква надворешна вмешаност. Ова полугодие учениците ќе работат на дизајн од англиско наследство за да направат плакати за нивната образовна соба во близина на замокот Конисброу.

„Луѓето постојано прашуваат: „Зошто другите училишта не го усвојат овој начин на учење“, а јас велам дека причината е очигледна. Тешко е, комплицирано е и страшно. Го ставаш професионалниот живот на ризик. Меѓутоа, ние сме подготвени за тоа“, вели Хари.

Во ова училиште вработените и учениците работат многу понапорно од другите, за да ги убедат официјалните лица дека нивниот пристап е доволно строг за да можат да го оправдаат финансирањето.

Во англиските владини кругови постои голем скептицизам. Сем Фридман, извршен директор на програмите „Teach First“, вели дека доказите од учењето засновано на проекти е слабо, особено кај учениците од посложени животни средини. „Не велам дека не може да функционира, или дека некои училишта не го користат овој систем ефикасно. Меѓутоа, би ги советувал училиштата кои размислуваат за ваков вид на наставна програма, внимателно да ги прочитат истражувањата за овој систем.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование