Средношколците од неколку средни училишта од повеќе градови во земјава од денеска ќе имаат интерактивни предавања за условите за прием во службата на Армијата на Репубилика Македонија, како и придобивките од службата во армијата како дел од проектот за популаризација на воениот позив за служба во Армијата на Република Македонија
Проектот ќе трае до крајот на април, а предавањата ќе ги вршат претставници на Министерството за одбрана, заедно со професионални војници, подофицери и офицери на АРМ.
- Тимовите составени од професионалци, вработени во Министерството, како и припадниците на Армијата детално ќе ги информираат средношколците за условите за прием во служба на АРМ, нивните обврски, како и големиот број придобивки од службата во АРМ. На интерактивните кратки предавања, средношколците ќе имаат можност да се информираат за сето она што нив ги интересира од областа на професијата – војник. Основната цел на проектот е запознавање на младите лица во Македонија со војничката професија, како и зголемување на нивниот интерес за, најпрво, служење на доброволен воен рок, а потоа и пријавување на огласите за професионални војници и за офицери во АРМ. Со зголемување на бројот на пријавени лица на овие огласи се одржува и зголемува и квалитетот на изборот на идните припадници на Армијата - велат од министерството за одбрана.
Инаку предавањата започнуваат во средните училишта „Јовче Тесличков“ и „Димитрија Чуповски“ од Велес, „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп, скопската гимназија „Јосип Броз – Тито“, „Гостивар“ од Гостивар, “Јане Сандански“ од Струмица и штипските средни училишта„Сергеј Михајлов“ и „Коле Нехтенин“.