X
 11.05.2017 Култура

Промовиран нов спот за стариот хит „Возови“ на „Меморија“

Нов спот за стариот хит денеска промовираа членовите на легендарната рок група „Меморија“. На сцената на Факултетот за драмски уметности пред пријатели и претставници на медиумите, неуморливите членови на „Меморија“ го промовираа новото видео снимено од „Томато продукција“. Песната „Возови“ е објавена пред 25 години, на вториот албум на групата. Главната улога во спотот ја има актерката Јана Стојановска.



Членовите на групата со присутните евоцираа спомени од пред повеќе од две децении, кога младите живееја со хитовите на „Меморија“. Обединетиот состав на 18 ноември во „Метрополис арена“ повторно ќе и се обрати на својата верна публика.

Членовите порачаа дека сакаат скопскиот концерт да биде за паметење, на тоа се фокусирани, а не е исклучена можноста да се одржат концерти и во други градови. Тие најавија дека ќе следува и нов албум.

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура