X
 03.06.2017 Култура

Филмови кои може да ги гледате во јуни

Ако планирате топлите јунски денови да ги поминете во гледање на филмови ние Ви предлагаме што може да погледнете овој месец.

суперхерој
Фото извор: bbc.com


Wonder Woman

Ова е најочекуваниот филм ова лето. Тој е најуникатниот филм со жена суперхерој и е прва самостојна театарска турнеја на стрип лик кој се појавува по повеќе од 75 години постење. Главната улога ја има Гал Гадот како Дијана од Темискира.

My cousin Rachel

Оваа мистична оманса ја пишува и режира Роџер Мишел, базирана на новела од 1951 од Дафне ду Мауриер, во која млад Англичанец се заљубува во негова роднина и покрај тоа што верува дека таа го убила неговиот старател. Ѕвезди во филмот се Иан Глен, Холидеј Грејнџер и Сајмон Расел Бејл. Премиерата на филмот во Австралија се очекува на 8 јуни, а во САД на 9ти.

Whitney: Can I be me?

Режисерот Ник Бромерфилд останува во позадина на најновиот документарец, кој овозможува „да се запознае Витни Хјустон, да се почувствува нејзината болка и милост во духовните спорови на начин на кој тоа не било претходно можно“. Режисерот меша интервјуа со роднини на Витни и нејзини најблиски соработници со претходно необјавени снимки снимени од нејзината турнеја во 1999 пред зависноста од дрога да го престигне нејзиното пеење.

Okja

Овој филм има пет ѕвезди од The Guardian и за него се вели дека „чистата енергија и допадливоста на филмот прават огромно задоволство да се погледне“. Сепак овој најнов филм од јужно-корејскиот режисер Бонг Јон-хо предизвика контроверзии на Канскиот филмски фестивал. За да знаете која од овие две крајности е точна погледнете го филмот по 28 јуни.

Baby Driver


Во оваа акција-комедија романса на британскиот режисер Едгар Рајт ќе ги гледате Џон Хамм, Џејми Фокс и Лили Џејмс. Baby Driver го наоѓа својот облик во „елегантната синтеза на движењето и звукот... искоренувајќи ја неговата модерна површина во легитимни емоции и невнимателност која тие ја предизвикуваат.“ Филмот ќе доживее премиера на 28 јуни во Канада и САД.

The House

Ѕвезди во филмот се Вил Ферел и Ејми Појлер како пар кој има нелегално казино во нивниот подрум со еден сосед откако ги трошат парите за колеџ на нивната ќерка. Филмот е во режија на Ендрју Џ Коен, а својата премиера ќе ја доживее на 29 јуни.

After the storm

Оваа комплексна семејна драма е филм во кој постои свесност за минливата, непостојаната природа на животот. Хироши Абе како Ријота е разведен татко кој бил романсиер – добитник на награди, а сега е приватен детектив кој ја троши заработката на коцкање. По смртта на неговиот татко ги обновува врските со неговото семејство и си ја враќа назад контролата над животот, а се сретнува и со неговиот млад син. Филмот на јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда премиерата ја доживеа на 25 мај во Аргентина и Италија, а на 2 јуни ќе ја има и во САД и Ирска.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура