X
 17.06.2025 Образование

Бронзен медал и две пофалници за македонските олимпијци на 9. Европска олимпијада по физика

Од 13 до 17 јуни 2025 година во Софија, Бугарија, се одржа 9. Европска олимпијада по физика (EuPhO), од која македонскиот тим се враќа со бронзен медал и пофалници, соопштија од Друштвото на физичарите на Македонија. 

Оттаму истакнуваат дека бронзен медал освоил Дамјан Стојанов, кој е IV година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, а со пофалници се враќаат Искра Нечаковска (III година, СОУ „Јосип Броз-Тито“, Битола) и Андреј Стојановски (IV година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје). 

Членови на тимот беа и Матеа Митревска – IV година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје и Михаил Шапчески – III година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје.

Водачи на тимот беа м-р Христијан Кочанковски, претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ, и Јан Стојановски, студент на Институтот за физика и поранешен олимпиец.

Фото: ДФРМ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование