X
 06.02.2018 Образование

Ќе постојат ли рачно пополнувани тестови по неколку децении?


Човек пишува со пенкало на листови
(Фото: Pixabay)


Рачно пополнуваните тестови би можеле да исчезнат по неколку години, тврди извршната директорка на Шкотското национално квалификациско тело за образование.

На прашањето дали може да замисли по десет години тестови што се пополнувани на рака, Џејнет Браун вели:

„Сметам дека тоа би било многу необично... Јас секако би била изненадена ако дотогаш сè уште постојат рачно пишувани тестови“.

Електронското оценување веќе се применува кај одредени предмети, објаснува доктор Браун, додавајќи дека „општеството се движи во тој правец“.

Сепак, пред севкупниот образовен систем да се придвижи во таа насока, „мораме да се погрижиме никој да не биде доведен во неповолна положба поради тоа“. „Денот кога ќе престанеме да користиме хартија нема да биде утре“, додава таа.

На почетокот од оваа година колумнистката на TES – Ненси Геџ напиша дека истражувањата покажуваат дека постојат многу добри причини за едукација на децата за ракописно пишување. Таа вели дека тоа е една од „основните вештини што даваат поддршка на разни други видови учење“.

•    Едукациските системи во светот имаат различни ставови во поглед на ракописните вештини;
•    Во 2015 година медиумите пренесоа дека финските училишта го отфрлаат ракописот во корист на вештините за користење на тастатура, иако финската влада истакнува дека тоа прашање сè уште не е докрај разрешено;
•    Оваа година во американската држава Индијана е донесен закон кој го третира ракописот како нужна вештина во сите основни училишта.

Напомена:

TES е дигитална заедница со повеќе од 3,6 милиони регистрирани корисници од 279 земји и територии, а со тоа е и најголемата мрежа на учители што помага при советувањето, информирањето и инспирирањето на едукаторите низ светот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование