X
 09.03.2018 Култура

Најтажниот спот на сите времиња крие уште потажна приказна

спот

За самиот почеток да биде во духот на целиот текст, пожелно е да ја пуштите песната „Hurt“ од иконата на кантри-музиката и еден од највлијателните музичари на 20 век.

Иако повеќето мислат дека Џони Кеш е креаторот на споменатиот хит, тоа не е ни близу до вистината. Без оглед на тоа, „Hurt“ стана неизбежна песна во филмската продукција и самата монтажа. Веројатно не сте претерано изненадени, но тоа е само почеток.

Творецот на оваа оригинална верзија е Трент Резнор, фронтмен на групата „Најн инч неилс“, што значи дека верзијата на Џони всушност е обработка. Кеш ја зел и од неа направил најтажна песна во изминатите 100 години.

Музичарот го избрал легендарниот Рик Рубин како продуцент на песната во 2003 година, а за режија на спотот бил задолжен Марк Романек. „Сакав да бидам искрен во спотот, баш како што Кеш отсекогаш бил искрен во своите песни, но морав да внимавам на неговото здравје“, рекол режисерот.

„Сакав да ги зголемам чувствата што ги предизвикува песната и да допрам до срцето на луѓето. Сакав да им раскажам приказна за тоа колку е минлив животот и колку е голема смртта. Сакав да ја раскажам приказната за постепената деградација на жанрот, ерата и ставовите“, раскажува Романек во документарецот за Џони Кеш.

По објавувањето, луѓето плачеле кога го гледале спотот. Некои на затворениот клавир, некои на кадарот со него и Џун, а некои на моментот на чашата вино и кревките раце на музичката легенда.

Џун Кеш починала три месеци по снимањето на спотот, а Џони четири месеци после неа.

„Плачев кога го гледав. Оваа емоција не е необична после филм од два часа, меѓутоа, после спот од четири минути е навистина големо достигнување“, вели Рубин. Британскиот магазин НМЕ во 2011 година го прогласи „Hurt“ за најдобар спот на сите времиња. „Hurt“ е последната песна што ја снимил Кеш, последната снимка од него и неговата сопруга. И покрај тоа, неговото дело и песни ќе продолжат да живеат насекаде.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура