Брендот „нечурал лајт бир“ е едно од омилените пива на студентите во САД. Па, компанијата сака да им ја возврати оваа љубов на студентите низ светот.
Минатата недела компанијата го претставила „најскапото“ уметничко дело во светот за да го насочи вниманието на јавноста кон високата цена на студирањето и влијанието на студентските долгови. Уметничкото дело наречено „Да Винчи на долговите“ е направено со 2.600 оригинални факултетски дипломи на дипломци низ САД и сега се наоѓа во главната железничка станица во Њујорк.
Целта на уметничкото дело е да се поттикнат промени на цената на студирањето и студентските долгови и да се поттикнат повеќе луѓе да се вклучат во програмата на компанијата за пиво за помош при отплаќањето на студентските долгови.
Според компанијата, вредноста на делото е пресметана од просечната цена на 4-годишното студирање. Делото е проценето на 470 милиони долари. Најскапо уметничко дело продадено на аукција досега била слика на Да Винчи која се продала за 450 милиони долари во 2017 година.
Делото се состои од дипломи што висат во воздух и го претставува хаотичното влијание кое го создава
студентскиот долг врз оние што се задолжени.
Освен уметничкото дело, компанијата се вклучува во акцијата и со донирање финансиски средства во програма за помош на отплаќање на студентските долгови. Според компанијата, со програмата секоја година им се помага на студентите и дипломците да отплатат долгови во вредност од вкупно 1 милион долари.
Компанијата ќе го продаде уметничкото дело на оној кој ќе понуди најголема сума за да собере дополнително финансии за помош на дипломците. Инсталацијата може да се види виртуелно
ОВДЕ.
Автор: Стејси Лиаска
Извор:
travelandleisure.com