X
 06.02.2018 Култура

Фотографии од Чернобил што долго време ќе ве прогонуваат

nuklearna
Фото: Vladimir Migutin

Нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година била причина за смрт на 30 лица, а повредени биле 134 лица. Инцидентот се случил во нуклеарната централа „Чернобил“ во Припјат, Украина, поради грешка во реакторот. Последиците од несреќата довеле до еден од најкатастрофалните нуклеарни настани во историјата на човештвото.

Областа денес е толку контаминирана со зрачење, што е непогодна за живот, а одредени локации се строго забранети за посета.

Она што останува прогонувачко е портретот на опасностите од нуклеарната енергија. Фотографиите на белорускиот фотограф Владимир Мигутин се морничаво-прогонувачки.

„Роден сум во Белорусија во 1986 година (истата година кога се случи катастрофата во Чернобил). Кога имав 5 години моето семејство го напушти Советскиот Сојуз. Имам прекрасни спомени од моето рано детство, па сакав да посетам некои места во Минск, да видам како се променил откако си заминав“, раскажува тој.

„Моја беше идејата да го посетам и Чернобил во Украина“, додава тој.

Како што вели тој, 30 години по несреќата, шумата, животните, растенијата - постои чувство дека сè е оживеано од мајката природа.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура