X
 22.02.2024 Технологија

ЦИА конечно откри за што се користи „Областа 51“

ЦИА откри за што се користи таканаречената „Област 51“.

Тоа е локација која ја тестира имагинацијата на луѓето со децении и продолжува да го прави тоа. Мора да се признае дека има нешто привлечно во идејата за тајна и мистериозна локација, а „Областа 51“ често била тема за дискусија како локација каде што има НЛО и вонземјани.

Некои луѓе дури и се упатиле кон локацијата, но никој не успеал да влезе внатре.

За што всушност се користи областа?


Тоа е објект за тестирање на американските воздухопловни сили. Кога локацијата била купена од УСАФ во 50-тите години, таму се одвивало тестирање за шпионскиот авион „У-2“. Се работи за авион кој може да оперира над 70.000 стапки, во стратосферата.

Со оглед на тоа што „Областа 51“ е таинствена база на воздухопловните сили, можеби не е изненадување што таа стана жариште за „забележување“ неидентификувани летечки објекти. Всушност, во документите објавени согласно барањето на Законот за слобода на информации во 2013 година е споменат „У-2“.

Во документите се вели: „Тестирањето на голема височина на У-2 доведе до неочекуван несакан ефект - огромно зголемување на извештаите за неидентификувани летечки објекти (НЛО)“.

„У-2 и подоцнежните летови на Окскарт сочинуваа повеќе од една половина од сите извештаи за НЛО во доцните 50-ти и поголемиот дел од 60-тите години“, се додава во извештајот.

„У-2“ стана клучен уред за собирање разузнавачки информации во САД за време на Студената војна. Се користел за набљудување на Советскиот Сојуз, Кина и Куба. Авионот одигра клучна улога за време на кубанската ракетна криза, кога Советскиот Сојуз смести нуклеарни проектили на Куба.

Конфигурацијата на крилата, дизајнирани за летање на голема височина, исто така значи дека авионот треба ефективно да се запре за да се нареди да слета.

Но, шпекулациите за вселенските мажи не се без некоја основа во реалноста. Авионот оперирал на толку големи надморски височини, што пилотите морале да носат специјално дизајнирани вселенски костими за да ја преживеат разликата во атмосферата.

Па еве ја вистината, локацијата се користела за тестирање експериментални авиони за време на Студената војна, кога највисокото ниво на тајност било неопходност.

Извор: Unilad

Фото: National Geographic India/YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија