X
 22.03.2019 Култура

Победниците на „Скај Пиксел“, фотонатпреварот со дронови

Секоја година „Скај Пиксел“ добива над илјадници фотографии од дронови за да ги пронајде најдобрите и да ги награди со неверојатни награди.

Овогодишниот добитник на награда е Дерик Баумгартнер, кој доби опрема за фотографирање во вредност од 12.090 долари за неговата неверојатна фотографија што ја направил во Мон Сен Мишел, остров лоциран во Нормандија, Франција. Посетен од речиси 3 милиони луѓе секоја година, овој остров е извонредно место, но фотографијата на Баумгартнер прикажала нешто уште поневеројатно.

Во интервју за „Боред Панда“, Дерик Баумгартнер објасни дека сметал дека нема шанси да биде меѓу најдобрите учесници на овој натпревар.

- Беше неверојатно чувство кога добив е-порака дека ја освоив главната награда. Никогаш не ни помислував дека имам и најмала шанса да бидам во првите 100 - изјави тој.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура