X
 23.05.2025 Култура

„Нетфликс“ објави листа со најгледаните серии на сите времиња

Стигнаа најновите податоци од „Нетфликс“ за најгледаните серии на сите времиња. Иако платформата постојано го проширува својот репертоар, само неколку серии успеваат да ги срушат одамна поставените рекорди.

Веќе со години првата сезона на серијата „Венсдеј“ не се симнува од тронот. Но, една серија од 2025 година успеа да го привлече вниманието на толку многу гледачи што се искачи во топ-3 најгледани.

Станува збор за серијата „Адолесценција“, која ги освои гледачите благодарение на значењето и распространетоста на темата што ја обработува, а е сосема различна од научнофантастичниот жанр кој обично доминира на „Нетфликс“.

1

„Венсдеј“, 1. сезона

Серијата „Венсдеј“ дебитира во 2022 година и ја следи приказната на Венсдеј Адамс (Џена Ортега), додека таа се обидува да ги реши мистериозните убиства во интернатот „Невермор академи“. Во серијата глумат и Гвендолин Кристи, Ема Мајерс, Перси Хајнс Вајт, како и Кристина Ричи која ја играше Венсдеј во оригиналните филмови, а овде има споредна улога.



Голем интерес за серијата предизвика и тоа што четири од вкупно осум епизоди ги режираше Тим Бартон. Серијата стана втора најгледана англиска серија на „Нетфликс“ и освои повеќе награди, меѓу кои и четири „Еми“.

„Почудни нешта“, 4. сезона




Четвртата сезона на „Почудни нешта“ излезе во 2022 година, но дејството е сместено во март 1986 година, осум месеци по настаните од третата сезона. Приказната вклучува серија мистериозни убиства во Хокинс, обвинување против Еди Мансон (Џо Квин) и борбата против новиот непријател Векна.

„Адолесценција“



„Адолесценција“ е британска криминалистичка мини-серија од 2025 година што ја следи приказната на 13-годишниот Џејми Милер (Овен Купер), кој е обвинет за убиство на соученичка. Серијата стана глобален феномен поради неколку причини: актуелната тема, техничката изведба и извонредната актерска игра.

Иако темите се често вознемирувачки, како влијанието на социјалните мрежи, сајбер-булингот и токсичната машкост кај младите, тие предизвикаа силни реакции кај публиката, особено кај родителите и тинејџерите. Преку препораки и дискусии на социјалните мрежи, серијата брзо стана хит.

Секоја од четирите епизоди е снимена во еден непрекинат кадар, што ги засилува напнатоста и реализмот. Интересен факт е дека Бред Пит е извршен продуцент преку неговата продуцентска куќа и активно учествувал во развојот на проектот.

„Дамер-чудовиште: Приказната за Џефри Дамер“



Серијата „Дамер-чудовиште: Приказната за Џефри Дамер“ ја прикажува животната приказна на озлогласениот сериски убиец Џефри Дамер, а го глуми Еван Питерс. Серијата детално го обработува неговото детство, психичките нарушувања, убиствата, семејните односи, но и пропустите на системот кои му дозволиле со години да остане неоткриен. Поради мрачната атмосфера и силната актерска изведба, серијата предизвика многубројни полемики особено поради прикажувањето реални жртви и општествени проблеми.

„Бриџертон“, 1. сезона

Првата сезона на „Бриџертон“ и натаму е меѓу најгледаните.



Серијата, базирана на романите на Џулија Квин, стана најгледана во историјата на „Нетфликс“ веднаш по премиерата. Се фокусира на Дафни Бриџертон, најстарата ќерка од угледно семејство, која започнува договорена врска со таинствениот војвода Симон Басет.

Извор: n1.info.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура