X
 23.06.2021 Забава

Интересни детали поврзани со серијата „Пријатели“, што можеби сте ги пропуштиле

Серијата „Пријатели“ го промени светот на телевизијата и хумористичните серии како жанр. И покрај тоа што последната епизода од серијата беше објавена пред 17 години, „Пријатели“ е сепак најпопуларна серија на сите стриминг-платформи.

Во продолжение ви нудиме неколку интересни детали од епизодите што можеби сте ги пропуштиле.

Во епизодата во која Моника и Чендлер стапуваат во брак, можете да го имете вистинското презиме на Џенифер Анистон

1
Фото: Warner Bros

Анастасакис е вистинското презиме на таткото на Џенифер кој го променил откако се преселил од Грција.

Главните ликови биле именувани по ликовите од серијата „Сите мои деца“

2
Фото: Screenshot/YouTube

„Сите мои деца“ е сапуница која имаше 41 сезона и се емитуваше од 1970 до 2011 година. Креаторите на „Пријатели“ ја обожаваа, па затоа решија да ги именуваат сите ликови според ликовите во сапуницата.

Чендлер го доби името по семејството Чендлер; Рос го доби името по Рос Чендлер, Фиби по Фиби Тајлер, а Моника по Моник/Дејзи Кордланд. Џои го доби од Џои Мартин, а Рејчел Грин по Џенет Грин.

Во серијата „Луд за тебе“, Лиза Кудроу ја глуми келнерката Урсула

2
Фото: Screenshot/YouTube

„Луд за тебе“ е серија во која Лиза Кудроу глумеше спореден лик, келнерката Урсула. Креаторите на „Пријатели“ одлучиле таа да ѝ биде сестра близначка на Фиби.

- Кога „Пријатели“ добија термин во четврток навечер во 20:30 веднаш по „Луд за тебе“, сите сфативме дека треба да ѝ објасниме на публиката зошто гледаат иста девојка со истиот глас во 20:00 часот и 20:30 часот во две различни серии - изјави Лиза во едно нејзино интервју.

Инаку, Лејла Кензл и Хелен Хант се појавуваат во „Пријатели“ во сцена каде мислат дека Фиби е Урсула. Тоа е затоа што и двете глумеа во „Луд за тебе“ и од таму ја познаваат Урсула.

Кога Џои става кафе во саксијата од цвеќето, цвеќето умира до крајот на епизодата

2
Фото: Warner Bros

Креаторите на „Пријатели“ внимаваа и на најмалите детали. На пример, во сцената каде Рејчел го вари првото кафе за Чендлер и Џои, има цвеќе на масата. Кафето беше толку лошо што Џои го истури кафето во саксија со цвеќе. До крајот на епизодата, цвеќето е мртво.

Чендлер гледа „Чувари на плажата“ за да ја види Јасмин Блит како трча. Метју Пери всушност ѝ бил момче во тоа време

2
Фото: Screenshot/YouTube

Во сцената каде Џои мисли дека Моника е бремена, краватата на Чендлер изгледа како позитивен тест за бременост

4
Фото: Freepik/Screenshot/YouTube

Куќата што ја купуваaт Чендлер и Моника беше во „Сам дома“

5
Фото: Screenshot/YouTube

Во сериите и филмовите, често можете да видите исти места и декорации, но тешко е да се забележат ваквите места. Но, повеќето луѓе кои внимаваа, препознаа дека тоа е куќата каде што живее Кевин Мекалистер.

Во епизодата со новиот мозок на Џои, Сузан Сарандон ѝ удира шлаканица на нејзината ќерка

serija
Фото: Screenshot/YouTube

Сузан Сарандон се појави на „Пријатели“ како актерка од серијата во која глуми Џои. Сарандон беше позната по тоа што удира добри шлаканици, а Џои требаше да го научи истото. Девојката на која Сарандон ѝ удри шлаканица е Ева Амури, актерка која ѝ е ќерка на Сарандон во реалниот живот.

Рејчел читаше скрипта од „Пријатели“ кога се преправаше дека чита скрипта од „Денови од нашите животи“

2
Фото: Screenshot/YouTube

Во 19 епизода од 9 сезона, Џои ја замолува Рејчел да му помогне со улогата во серијата. Но, всушност таа држи скрипта токму од таа епизода.

Џенифер Анистон и Тејт Донован беа пар за време на серијата

6
Фото: Screenshot/YouTube

Тејт го глуми Џошуа, момчето на кое Рејчел му избира облека и во кое таа е заљубена.

Во реалноста, Џенифер и Тејт беа пар, но раскинаа токму во периодот кога во серијата требаше да станат пар. Донован признава дека тоа воопшто не му било лесно.

Продуцентите се појавуваат во серијата како статисти

2
Фото: Screenshot/YouTube

Во текот на 10 сезони, продуцентите на серијата се имаат појавено во многу епизоди. На пример, во првата епизода од 3 сезона, тие седат на каучот каде што обично седи шесторката. Исто така, можете да ја видите марта Кауфман и Адам Чејс во сцената каде Џои и Чендлер се возат на автобус во Лондон во епизодата каде Рос се жени.

Во истата серија можете да ја видите Сара Фергусон, поранешната сопруга на принцот Ендрју. Таа се согласи да биде дел од серијата бидејќи нејзините ќерки, принцезите Беатрис и Јуџин, беа огромни фанови на серијата.

Копија од кукла од ликот на Робин Вилијамс од „Морк и Минди“ е во спалната на Чендлер

robin
Фото: Screenshot/YouTube

Оваа серија се емитуваше од 1978 до 1982 година. Робин Вилијамс портретираше смешен вонземјанин испратен на Земјата. Куклата е знак дека Чендлер го почитува Робин Вилијмас и неговата работа.

Пред венчавката на Рос и Емили, има копија од весникот „Индепендент“ (Независен) на масата

ros
Фото: Screenshot/YouTube

Името на весникот може лесно да се прочита со причина. Како што се сеќавате, се случи инцидент на венчавката на Рос што го остави Рос сам и независен.

Извор: Bright Side
Фото: Freepik/Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава