X
 23.10.2021 Живот

Како заборавен филм од култен серијал стана класика за теоретичарите на заговор и антиваксерите?

Се чини дека филмот „Ноќта на вештерките убива“ растура во кината, со оглед на тоа што е најгледаниот филм во американските кина по овој викенд.

Без оглед на тоа, филмот е исклучително лош, полош од претходните изданија од серијалот. Кога сме кај постарите филмови од овој серијал, еден дел денес има сосема нова симболика.

Мајкл Маерс е симбол на оваа серија. Во овој нов филм, како и во претходните, Маерс зад себе остава огромен број мртви, кои ги убива на овој или оној начин. Некогаш инвентивно, некогаш не, некогаш страшно, некогаш смешно (ако сакате таков црн хумор). Дејвид Гордон Грин, режисерот на претходните две продолженија, а и на третиот, го остави жив Маерс, кој од 70-тите години наваму сѐ повеќе се прикажува како злобен ентитет кој е невозможно да се уништи.

Но, во 12. дела од овој хорор-серијал, во еден дел не е главниот негативец Мајкл Маерс. Тој дури и не се појавува, а главната опасност доаѓа од злобната медиумска корпорација која планира да користи микрочипови за да го контролира и убие целиот свет.

Се разбира, овој филм немаше којзнае каков успех, но е забавен како и секој филм од 80-тите години, дури и за оние што не патат од теории на заговор. Во суштина, поентата е дека американски бизнисмен прави маски за Ноќ на вештерките кои имаат чип во себе, кој се активира за време на реклама. Кога чипот се активира, го „пржи“ мозокот на луѓето, се појавуваат бубачки и ги јадат луѓето. Знаете како сето тоа функционира во хорор-филмовите. Секако, постои протагонист кој се спротивставува и ги запира злите сили. Се разбира, постои цел заговор со вештерки и роботи-убијци.



Филмот помина лошо и кај критичарите и кај публиката. По оваа авантура, серијалот „Ноќ на вештерките“ се врати на стариот и испробан систем - Мајкл Маерс и неговото сечило. Но, филмот доби нов живот со новата параноја во 21 век. 80-тите години од минатиот век беа особено параноични со зголемената дигитализација и технологија, зајакнување на медиумите, а Студената војна помеѓу Америка и Русија му  даде посебен шмек на расположението на светот кој очекуваше нуклеарен конфликт.

40 години подоцна, паранојата и понатаму е омилена спортска дисциплина на многу луѓе, само што се отфрлени метафорите и алегориите. Чиповите се попопуларни од кога било, а на „Редит“ и еден куп други интернет-платформи луѓето ги споделуваат овие идеи како апсолутно реални, односно овој филм постепено станува класика на теоретичарите на заговор и други антиваксери, кои сега имаат филм што покажува дека не се луди.

Да, хорор-филм од 80-тите години. Не е баш нешто на кое човек може да се потпре.

Aвтор: Mилош Дашиќ
Извор: Noizz.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот