X
 23.12.2021 Култура

„Сертификат за кафе“ - изложба на Башким Меџити за животот во пандемија

Изложбата „Сертификат за кафе“ на ликовниот уметник Башким Меџити ќе биде отворена вечерва во 19 часот во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Организатор и координатор на проектот е Националната галерија. Изложбата е триптих создаден за време на глобалната пандемија и го заокружува денешниот начин на живеење. Кураторот, виш кустос Маја Крстевска во каталогот за изложбата пишува дека јаснотијата на линијата и изворната чистота на формата пленат во најновите слики на академскиот уметник Башким Меџити. Изложбата со делата на Меџити ќе биде поставена во Куманово во наредните 15 дена

Меџити дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина, каде што и магистрирал. Добитник е на повеќе награди и признанија, остварил над петнаесет самостојни изложби во државата и во странство. Бил прв претседател и еден од иницијаторите за формирање на Здружението на ликовни уметници „Draudacum” од Гостивар, основач на Факултетот за ликовна уметност на Државниот универзитет во Тетово. Активно се занимава со сликарство и скулптура.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура