X
 24.03.2018 Култура

Внимавајте да не прекршите некој од овие необични светски закони

И самите знаеме дека светот е едно чудно и необично место. На тоа необично место живеат и луѓе што носат закони, па ајде да почнеме со законите и правилата што ги донеле разни луѓе низ светот.

1.    Забрането е тетовирање и правење селфи со Буда

Ова правило важи во Шри Ланка, па затоа немојте таму да правите селфи затоа што ќе платите сериозен износ како казна. За тетовирањето нема да ве предупредуваме, затоа што сметаме дека вашето тело нема да го украсите со лик од Буда. Сепак, ако веќе сте го направиле тоа, обидете се и да го скриете.

2.    Забранети се електронските цигари

Ако одите на Тајланд, заборавете на вашата електронска цигара. Ако ве фатат со неа, со сигурност ќе платите висок паричен износ, но ако ви се падне некој терсене судија, би можеле да завршите и зад решетки. Дополнително, пред извесно време на многу плажи во Тајланд е забрането и пушењето.

3.    Не облекувајте маскирна облека


Многу карипски држави, како Барбадос, Света Луција и Свети Винсент, забрануваат носење маскирна облека. Ваква облека не смеат да носат ниту децата.

4.    Канадска музика во Канада

Во земјата на јаворите и гризлите, законот пропишува дека најмалку 35 проценти од музичката содржина што се емитува на радиостаниците мора да биде од канадски изведувачи. Овие вести секако дека ги веселат Џастин Бибер и Селин Дион, но колку другите се согласуваат со тоа, не знаеме...

5.    Не хранете ги гулабите во Венеција

Океј, можете да ги храните некаде настрана, пред вашиот хотел или на друго место, но немојте да го правите тоа на плоштадот „Свети Марко“. Таму и бездруго ги има премногу, па градските власти строго забраниле да ги храните, за да не се зголемува нивниот број.

6.    Внимавајте на бензинот во Германија


На автопатиштата во Германија, инаку национална гордост, добро внимавајте да имате доволно гориво. Имено, тука законот забранува да останете без гориво, што и не е некаква невообичаена работа имајќи на ум дека на тој начин можете и самите и другите да ги доведете во опасност.

7.    Без плукање во Барселона


Некултурно однесување како плукање по улиците се санкционира секаде во светот. Сепак, градските власти во Барселона одлучиле сериозно да реагираат на таквото однесување, па плукањето го прогласиле за непосакувано однесување во градот. Затоа, кога се наоѓате во овој град, ако ја имате оваа навика, барем на извесно време заборавете ја.

8.    Високи потпетици во Грција

Не плашете се, Грција не забранила носење високи потпетици, освен за посетителите на важните знаменитости, како на пример Акропол. Имено, постои страв дека на тој начин можат да се оштетат историските места и споменици.

9.    Внимателно со банкнотите во Тајланд

Да кажеме дека се наоѓате во Бангкок и случајно на подот ви паднала банкнота. Ако не го забележите тоа и згазнете врз неа, ако истото го забележи полицијата, можете да завршите во затвор поради навредата на кралот чиј лик се наоѓа на тајландските банкноти, а навредата таму се смета за сериозно злосторство.

10.    Не пцујте во Обединетите Арапски Емирати

Пцуењето, исто како и непристојното однесување, сериозно е забрането во оваа богата држава. Прекршителите можат да бидат депортирани или, уште полошо, да завршат во затвор. Затоа, ако се подготвувате да ја посетите оваа дестинација, заборавете на вашиот вулгарен речник, па ако некој ви го дигне притисокот во текот на возењето, подобро не покажувајте му го вашиот среден прст затоа што тоа нема да заврши добро за вас.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура