X
 24.03.2023 Спорт

Се бараат волонтери за Олимписките игри во Париз 2024

Олимписките игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август следната година во Париз. Не се сомневаме дека ќе ги следите од дома, но дали знаевте дека можете да се пријавите како волонтер?

Пријавувањето за волонтирање е отворено од 22 март и трае до 3 мај годинава. Регистрираните волонтери мора да имаат 18 години до 1 јануари 2024 година, да зборуваат француски или англиски и да бидат достапни најмалку 10 дена помеѓу 12 јули 2024 година и 10 септември 2024 година.

Сите заинтересирани може да се пријават преку официјалната веб-страница на Олимписките игри во Париз 2024. Таму може да најдете и подетални информации за волонтерските задачи и самиот процес на аплицирање.

- Волонтерите се првите луѓе што ги среќаваат спортистите и гледачите кога доаѓаат на игрите. Волонтерите на Олимписките игри во Париз 2024 година ќе го отелотворат француското чувство за гостопримство и вредности за време на игрите - пишува на официјалната веб-страница.

Извор: Mojfaks
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт