X
 24.03.2025 Живот

Парите најверојатно потекнуваат од трговија на далечина меѓу странци, открива нова студија

Еден археолог развил нова, револуционерна теорија која ги разоткрива конвенционалните верувања за потеклото на парите: тие се појавиле за да се спроведува трговија на далечина.

Повеќе од еден век научниците дебатираат за тоа што го предизвикало создавањето на парите. Дали тоа било средство за зголемување на ефикасноста на размената или државата прво ги поттикнала парите како пресметковна единица?

Д-р Микаел Фовел ги интегрира двете теории во својот нов предлог, но тој вовел концепт наречен „трговска теорија на пари“. Како што луѓето почнале да патуваат на долги растојанија, им требала валута за да можат да разменуваат стоки, често предизвикани со јазична бариера.

-Возбудливо време е да се работи на потеклото на парите - напишал д-р Фовел во една неодамнешна студија објавена во „Журналот за археолошки методи и теорија“.

Новите форми на дигитални валути ја поттикнале имагинацијата да се дебатира за тоа што се парите и од каде дошле.

Потребата да се тргува сега, а не утре

Во нов труд, д-р Фовел ја претставува „трговската теорија на парите“ како можно објаснување за потеклото на парите во старите општества. И теориите за „парите како стока“ и „чартализмот“ (теорија дека парите настанале со обидите на државите да ја насочат економската активност), ги претставуваат парите како средство за размена или владин изум, но тие едноставно не го објаснуваат постоењето на валута пред формирањето на државата.

Д-р Фовел вели дека парите се развиле од надворешна размена, бидејќи трговијата барала решение што ќе ги олесни трансакциите меѓу странците. Тој навел два историски примери кои ги илустрираат меѓусебно поврзаните економски системи, со форми на валута што се транспортирале: претколумбиската Западна Северна Америка користела мониста од школка, а Западна Европа користела бронзени или бакарни инготи (парче метал). И двете средства воспоставиле трговски патишта кои поминувале големи растојанија.

Во двата случаи, стоките се тргувале преку „многубројни културни, јазични и политички граници“. Тој нагласува дека била неизвесна шансата за повторна средба, со што се намалувала можноста за доцнење на исплатата. Во моментот имало потреба од ефикасна размена на вредни предмети.

Каде на друго место се појавиле парите како надворешна мрежа?

Неговата трговска теорија се разликува од конвенционалните пристапи, но го избегнува „митот за размената“. Повеќето студии ја отфрлаат идејата дека постоело општество засновано на чиста размена.

Парите од калифорниската школка и бронзените инготи покажуваат дека унифицирана форма на валута циркулирала надвор од групата. Понатаму, монистата од школки станале сè посоцијално значајни како што се појавувале во ритуалите, давајќи им друго значење на парите.

На крајот, неговото истражување заклучува дека порастот на парите во општествата веројатно потекнува од различни извори. Во некои, државата можеби го контролирала тој проток. Сепак, тој отворил нов пристап за разбирање на потеклото на парите, како прво средство за воспоставување врски на друго место, за создавање поголема мрежа.

- Можно е да има други примери на слични процеси кои се оформуваат во други светски региони и тоа би било одлична тема за идни истражувања. Античка Мезоамерика или Пацифичките Острови би можеле да бидат две области кои треба да се погледнат во иднина - заклучил тој.

Извор: interestingengineering.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот