X
 25.06.2023 Живот

За бројот на битолчани што студираат на УКЛО, за успесите на Славе Николов и уметноста на Елена од Кратово... Што пишувавме неделава

За осум години преполовен бројот на битолчани што студираат во родниот град - УКЛО со засилена кампања за нивна мотивација

Во Битола, која е универзитетски град речиси четири и пол децении, во последните осум академски години бројот на битолчани што се запишале да студираат на Универзитетот „Св Климент Охридски“ е преполовен. Истото се однесува и на соседната општина Прилеп, која е опфатена со факултети во рамките на истиот универзитет. Статистиката со која располага оваа високообразовна установа покажува дека во академската 2013/2014 година имале 488 бруцоши од Битола и 328 од Прилеп, а годинава 296 бруцоши битолчани, а 181 прилепчанец. Ако се земе предвид фактот дека Битола има во просек 960 матуранти, може грубо да се пресмета дека само една третина од нив остануваат да студираат дома. Другите заминуваат во Скопје и во странство.

Диме Јанчев, извршен директор на Институт и Фабрика во АДИНГ со порака до младите инженери: „Најкраткиот пат и наједноставната формула за успех барајте ги во себе“

Инженерските тимови на АДИНГ денес се рамо до рамо со тимовите на глобалните играчи од нашата индустрија, а резултатите од нашето влијание во индустријата за производство на бетони и особено цементната индустрија се видливи. Честопати многумина од нив се изненадени што воопшто нѐ има, особено кога станува збор за колеги инженери од развиените земји кои овие технологии ги сметаат за нивна ексклузивност.

По скалилата на успехот со Славе Николов: „Олимписките игри во Париз ни се следна цел и со тоа можеби ќе бидеме единствени судии со четири олимписки игри“

Да се биде дел од овие натпреварувања, рамо до рамо со најдобрите, не се опишува тоа чувство, особено затоа што доаѓаме од една мала држава како Македонија и секогаш сме морале да поминуваме низ трнлив пат до успехот, вели Славе Николов.

Кифлички, пастрмалии, баници, бардаци - Елена од Кратово изработува ремек-дела помали од дланката

Трпеза со баница, гравче-тавче, пастрмалија, домат и сиренце, лепче со ајвар... Сето ова се нешта кои ги создава Елена Арсовска од Шлегово, Кратовско, ама во минијатурна форма и од полимерна глина. Тие изгледаат толку реално, што веднаш ќе ви го отворат апетитот. Но, во кујната на оваа сестрана уметница често се изготвува и накит од жица или пластика, одбележувачи за книги, подлошки, украси и други ремек-дела, а пасија ѝ е и сликањето.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот