X
 27.02.2025 Наука

Полошо од филм за природна катастрофа: Симулација на Месечината како удира во Земјата

На јутјуб-каналот „Метабол студиос“ е објавена застрашувачка симулација која покажува што би се случило доколку Месечината удри во нашата планета. Откако ја погледнале снимката, луѓето коментирале дека тоа ги исплашило повеќе од кој било филм за катастрофа.

Оваа симулација била објавена откако во јавноста излезе информацијата дека астероидот „2024 YR4“, наречен „убиец на градови“, навистина се заканува да се судри со Месечината или Земјата.

Доколку овој астероид, како што сега се предвидува, навистина би удрил во нашата планета, последиците би биле катастрофални. Научниците предвидуваат дека потенцијалниот судир би можел да се случи во 2032 година, по само три години откако астероидот „Богот на хаосот“ исто така би можел да удри во Земјата. Како дел од ова истражување и пресметување на можните последици од таков удар, Алваро Грација Монтоја од тимот на „Метабол студиос“ објави видео кое покажува што би се случило доколку астероид удри во голем град – поточно Менхетен. Но, ова не е единствената симулација во која е вклучен овој тим кога станува збор за вселенски настани кои можат да влијаат врз животот на Земјата.

Шансите Месечината навистина да удри во Земјата

Односот меѓу Земјата и Месечината не е само близок, туку и клучен за животот на нашата планета. Месечината помага да се стабилизира ротацијата на Земјата, што придонесува за релативно стабилна клима. Исто така, нејзината гравитација ги контролира приливот и одливот, создавајќи природен ритам кој ја водел човечката цивилизација илјадници години.

Според извештајот на „Форбс“, такво влијание би можело да се случи само за 65 милијарди години. Ако по некое чудо ова се случи во нашиот живот, последиците би биле незамисливи. За среќа, такви шанси не постојат. Но, симулацијата сепак предизвикала страв кај оние што ја виделе.

Многу следбеници останале во шок по она што го виделе.

Извор: net.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука