X
 28.03.2018 Наука

Каква штета може да предизвика вселенско ѓубре со големина на гума за бришење?

Во вселената има многу ѓубре - поточно, 6.300 тони. Со орбитална брзина, вселенско ѓубре со големина на гума за бришење може да предизвика дупка длабока 12 сантиметри во парче од алуминиум.

Експериментот е демонстрација на видовите опасности што се наоѓаат за експосферата. „Ѓубрето“ што ја предизвикало дупката било тешко 14 грама. А самата дупка е длабока речиси 13 сантиметри.

За да не паѓаат на Земјата, предметите во орбитата патуваат 28.000 километри на час. Толку мало ѓубре може да предизвика толку голем хаос. За да се симулира таква сила во лабораторија, истражувачите користеле гасен пиштол способен да ги движи предметите со неверојатна брзина.

Лошата вест е дека многу мало парче од остаток од ѓубре може да предизвика голема катастрофа. Лошите вести се дека вселената е преполна со остатоци. Овој вид штета не е целосно хипотетички - во 2016 година чип предизвикал пукнатина на еден од прозорците на Меѓународната вселенска станица. Исто така, во 2016 година сателитот „Сентинал-1А“ на Европската вселенска агенција бил погоден од парче големо еден милиметар, а оставило дупка 100 пати поголема од него.

Големите парчиња ѓубре можат да се следат, а сателитите во орбитата може да бидат преместени на повисока или пониска орбита за да се избегнат. Меѓутоа, малите парчиња се многу потешки за следење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука