X
 28.09.2018 Култура

Најдобрите крими-филмови според оцените на критичарите

Бидејќи криминалот и насилството создаваат инхерентно привлечен материјал за гледање, и двете истакнати карактеристики ги има во голем дел од најдобрите филмови на сите времиња.

Метакритичарските податоци создадени од „Бизнис инсајдер“ ги следат најпознатите крими-филмови во историјата, започнувајќи од современи трилери како „No Country for Old Men“ до класици како „The Godfather“ и „On the Waterfront“.

Листата ги вклучува сите филмови со највисоки оцени што имаат ознака „крими“ на страницата, што се покажа како широка категорија која опфаќа играни филмови и документарци. Листата сочинува 100 филма, а ние ви ги издвојуваме првите 10.

10. „Double Indemnity“ (1944)

Оцена од критичарите
: 95/100
Оцена од публиката: 8,3/10



Што велат критичарите: „Филмот ноар е најопоен од холивудските коктели, а никој не е посилен од „Double Indemnity“, „Телеграф“.

9. „L'Argent“ (1984)

Оцена од критичарите
: 95/10
Оцена од публиката: 9,4/10


Што велат критичарите: „Ја надминува непристрасноста на новинарството. Поседува начин на официјален извештај за духовната состојба на цивилизација за која нема надеж“, „Њујорк Тајмс“.

8. „Mean Streets“ (1973)

Оцена од критичарите: 96/100


Што велат критичарите: „Филмот на Мартин Скорсезе не е толку гангстерски филм колку што е перциптивна, симпатична, трагична приказна за тоа како е кога човек расте во гангстерска средина“, „Чикаго сан-тајмс“

7. „Тhe French Connection“ (1971)

Оцена од критичарите
: 96/100
Оцена од публиката: 8,5/100


Што велат критичарите: „Постои еден проблем со возбудата што произлегува од филмот. Откако ќе заврши, откако ќе излезете од киното, ќе ја проколнете досадата во вашиот живот“, „Чикаго трибјун“.

6. „12 Angry Men“ (1957)


Oцена од критичарите: 96/100
Оцена од публиката: 9,4/100


Што велат критичарите: „Продорна, чувствителна и понекогаш шокантна дисекција на срца и умови на луѓето кои очигледно се нешто помалку од богови“, „Њујорк тајмс“.

5. „Rififi“ (1956)

Оцена од критичарите
: 97/100
Оцена од публиката: 8,3/10


Што велат критичарите: „Меѓу многуте изненадувања во филмот е и сцената со кражбата снимана во целосна тишина, што е контраст на поновите филмови од овој жанр, кои се прилично бучни“, „Кристијан сајнс монитор“.

4. „Pépé le Moko“ (1937)

Оцена од критичарите: 98/100
Оцена од публиката: 5,3/10


Што велат критичарите: „Прекрасно изработен, прекрасно одглумено, забавно; ова е филм за кој луѓето ќе велат дека повеќе не се прават вакви филмови“, „Лос Анџелес тајмс“.

3. „Touch of Evil“ (1958)

Оцена од критичарите: 99/100


Што велат критичарите: „Кoлку и да е маестрално снимањето на Велес, она што го прави филмот неверојатно ремек-дело е глобалниот квалитет на неговиот стил, што предизвикува секоја слика да се пренесува со секоја друга во филмот“, „Чикаго ридр“.

2. „The Night of the Hunter“ (1955)

Оцена од критичарите: 99/100
Оцена од публиката: 8,3/10



Што велат критичарите: „Најмрачниот од сите американски филмови“, „Тајм аут Лондон“.

1. „The Godfather“ (1972)


Оцена од критичарите: 100/100
Оцена од публиката: 9,2/10



Што велат критичарите: „Комплетно изграден дијамант“, „Остин хроникл“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура