X
 28.09.2020 Образование

PowerUP – Програма за иновативни мали и средни претпријатија и стартапи од Западен Балкан: Приспособете го вашиот бизнис-модел, изградете отпорност и зголемете го вашето присуство на пазарот!

Дали сте иновативна компанија која бара нови начини да привлече клиенти или да го приспособи својот бизнис-модел и да го направи поотпорен на пандемијата на Ковид-19? Дали размислувате за надворешно финансирање или сакате да ја направите вашата фирма поатрактивна за инвеститори?
PowerUP програмата ќе ви помогне во тоа и истовремено ќе ви даде шанса да се поврзете со други компании, инвеститори, успешни претприемачи и претставници на корпорации.

Светска банка, во рамките на својата програма PowerUP: Јакнење на капацитетите на компаниите во рана фаза од развојот во земјите од Западен Балкан, отвора наменска програма за повеќе од 200 компании финансирана од Европската Унија во рамките на Програмата за развој и иновации на претпријатија од Западен Балкан (WB EDIF) и го спроведува со поддршка на глобалната консултантска компанија Deloitte.
PowerUp е бесплатна програма наменета за мали и средни претпријатија (МСП) и стартап-компании кои се во потрага по нови начини за привлекување клиенти, адаптирање на својот бизнис-модел и потенцијално се заинтересирани за надворешни инвестиции. Сите компании што ќе бидат одбрани за учество во оваа програма ќе добијат поддршка и обука за понатамошен развој на работењето што ќе биде насочена на нивен раст и отпорност на Ковид-19 и слични надворешни шокови, како и зголемување на нивната способност за провлекување инвестиции. Програмата за зголемување на капацитетите ќе овозможи стекнување вредно практично знаење и ќе се фокусира на темите за купувачи и пазар, финансиски и интерни перформанси, брендирање и pitching.



Програмата трае од октомври 2020 до февруари 2021 година.
Околу 100 компании со најдобар резултат во текот на програмата ќе бидат повикани во март 2021 година да се натпреваруваат во „PowerUP финале“ кое ќе се одржува на атрактивна локација во Западен Балкан и ќе го претстават своето работење пред ексклузивно поканети претставници на ангели-инвеститори, инвеститор во ризични бизниси - venture capitalist, успешни претприемачи, како и претставници на корпорации и медиуми. Сите компании што ќе бидат избрани за учество во финалето на програмата ќе добијат значајна експонираност и признанија, и ќе бидат промовирани на локалните и регионални медиуми.

Трите најуспешни компании на PowerUP финалето ќе добијат „Награда за одлични претприемнички вештини во Западен Балкан“ за различни категории, како и ексклузивна, посебно приспособена за бизнисот, советодавна поддршка од локални и регионални експерти од водечката глобална консултантска компанија Дилоит.
За учество во програмата компаниите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Компанијата треба да е регистрирана во една од земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија);
- Компанијата треба да работи најмалку една година;
- Компанијата треба да има меѓу 3 и 100 вработени;
- Компанијата треба да е иновативна и да има свој производ/услуга која носи приход на најмалку еден пазар, и за која компанијата сака да ја зголеми продажбата;
- Компанијата не смее да се занимава со производство на алкохол, тутун, оружје или други слични дејности
Заинтересираните МСП и стартап-компании може да се пријават на следниот линк: www.deloitte.com/mk/powerup. За сите дополнителни прашања, подносителите на пријава можат да ги контактираат организаторите на CEBAPowerUpWB@deloitte.com.

Рокот за пријавување е 30 септември 2020 година.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование