X
 30.09.2022 Живот

Параноја на продуктивноста: Менаџери ги следат компјутерите на работниците од далечина

Технологијата што се користи за следење на работниците и нивен надзор, која критичарите ја нарекуваат „bossware“, е широко распространета во индустриите со пониски плати.

Менаџерите на компаниите сè повеќе ги следат пишувањата на тастатурата, кликнувањето на глувчето, па дури и ги снимаат екраните на мониторите на нивните вработени.

rabota
Фото: Freepik

Остра поделба


Надзорот на вработените се зголеми со зголемувањето на трендот на работа на далечина; сето тоа поради стравот на менаџерите дека нивните вработени работат малку или воопшто не работат. Светот на бизнисот е фатен од „продуктивна параноја“, како што го нарече овој феномен извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела.

По повеќе од две години откако работата на далечина и хибридните работни места станаа „новото нормално“, сè уште постои остра поделба околу придобивките и недостатоците на таквиот начин на работа: околу 85 отсто од менаџерите стравуваат дека вработените можеби не прават доволно, додека 87 отсто од работниците веруваат дека нивната продуктивност е доста добра. До такви податоци дојде софтверскиот гигант „Мајкрософт“.



Парадоксот на хибридната работа

Стравот на менаџерите од неработниците е главниот виновник за оваа појава, која предизвика нова практика што се заканува да стане „новото нормално“ - шпионирање на вработените.

- Шефовите мислат дека нивните вработени не се продуктивни, додека вработените мислат дека се продуктивни и во многу случаи дури и чувствуваат дека се исцрпени. Една од најважните работи во овој нов свет на хибридна работа е да се премости овој парадокс - вели Надела за наодите од истражувањето на „Мајкрософт“.

Двоен надзор

За време на пандемијата, „Мајкрософт“ неколку пати годишно ги истражуваше вработените во различни индустрии, а најновото истражување опфати 20.000 луѓе во 11 земји. За да ги поврзе менаџерите и нивните вработени, „Мајкрософт“ ја дизајнирал платформата „Вива“, која ги обединува комуникациите, знаењето, учењето, ресурсите и увидот во работниот тек. Овој софтвер сега го користат повеќе од 10 милиони вработени во компании како „Пејпал“ или „Унилевер“.

Стрес наместо продуктивност

Надзорот понекогаш е целосен и може да влијае врз платите и судбините на вработените.

„Параноја на продуктивноста“ зема замав иако барем засега нема јасни податоци што укажуваат на тоа дека овој тип надзор ја зголемува продуктивноста. Всушност, истражувањата покажуваат дека надзорот на вработените го зголемува нивниот стрес и бројот на отсуства од работа.

Извор: Bug.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот