Александар Кирковски 15 години се качува на Алпите: „Алпинизмот е начин на живот и неопходно е човек да ја доживува планината како природна средина“
Соло искачувањата ми се особено драги. Едни од причините се возбудата и слободата да се биде сам со себе, човек се соединува со планината, ги слуша сите внатрешни и надворешни звуци, дразби, умот е буден повеќе од вообичаено. Кога си сам таму надвор го даваш најдоброто од себе, преземаш поголем ризик и речиси немаш право на грешка, вели Кирковски
Божидар Коцевски го освојува германскиот филм: „Тука само околу 5 % од актерите можат добро да живеат од својот занает и јас сум благодарен што спаѓам во нив“
Роден е во Штип, во 1989 година. На возраст од една година заедно со семејството заминал за Хајделберг, Германија, каде што во тоа време се барал медицински кадар, па неговите родители тука виделе можност да обезбедат подобар живот. Неговата сестра се родила таму шест години подоцна.
Проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, најдобар научник во природно-математичките науки: „Хемијата е магична и плени со својата мистериозност“
Добитник на наградата за најдобар научник во природно-математичките науки за 2024 година е проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, редовен професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет. Во текот на 2024 година проф. Петреска Станоева има објавено 11 научни труда во списанија со фактор на влијание, коавтор е на Хемиската терминологија, а учествувала и на 13 меѓународни конференции, од кои на една како гостин-предавач.