X
 02.11.2023 Образование

Јавниот притисок за време на пандемијата го влошил менталното здравје на наставниците

Силниот јавен притисок врз наставниците да се вратат на училиште за време на пандемијата го зголемил нивното чувство на потценетост и предизвикал некои наставници сериозно да ја преиспитаат својата кариера. Ова го покажува истражување на Универзитетот во Јорк и Универзитетот „Кембриџ“.

Истражувањето следело мала група наставници во основно и средно образование во период од две години, започнувајќи од април 2020. Според истражувањето, додека други работници беа славени како херои, наставниците често биле нарекувани мрзливи, и покрај нивната клучна работа. Освен тоа, многу наставници чувствувале дека општеството сметало дека тие не ги вршат своите обврски со повиците за отворање на училиштата за време на пандемијата.

Во реалноста, наставниците имале повеќе работа додека се приспособувале на владините насоки кои постојано се менувале, велат истражувачите. Овие ефекти се „психолошки скапи“ и покажуваат дека пандемијата дополнително го намалила задоволството од професијата кај наставниците.

Во истражувањето биле анализирани повеќе студии од областа, а било забележано дека во голем дел од нив наставниците се сметале како директно одговорни за затворање на училиштата и други промени во образовниот сектор.

Истовремено, наставниците почнале да забележуваат ослабување на генералното ментално здравје, кое било започнато од ситуацијата во пандемијата, но било зајакнато од медиумската покриеност. Постојаната дискусија направила наставниците да се чувствуваат виновни за затворањето на училиштата.

- Работев многу напорно и се чувствува како сето тоа што го правев да не значи ништо - вели еден наставник во изјава за истражувачите.

Извор: Phys
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование