X
 03.07.2021 Наука

Што им се случува на луѓето кои си легнуваат пред 22 часот?

По стотици спроведени експерименти за спиење и здравје, водечките светски научници открија дека секој треба да си легне рано и тоа да биде пред 22 часот за да се постигне квалитетен сон, што обезбедува правилно физичко обновување.

Кога соработуваме со нашиот внатрешен биолошки часовник и дозволуваме природата да функционира, се чувствуваме освежени, живи и полни со енергија по будењето.

Најдобрите часови за одмор на нашето тело се помеѓу 22 и 6 часот наутро. Легнувањето после тоа е штетно за здравјето на луѓето и е директна причина за многу современи болести како срцево заболување и рак.

Природата делува и се движи во прецизни ритмички кругови, врз кои влијаат ротацијата на земјата, сонцето и месечината. Функциите на спиењето и будноста се дел од тој ритам. Во природата, животните и растенијата се будни и спијат според тој ритам. И човекот има природен ритам.

Нашите човечки тела функционираат според нашиот внатрешен часовник или биолошки часовник. Нарушувањата на природните функции на нашиот биолошки часовник поради неправилните навики и неправилниот сон, предизвикуваат различни болести.

Кога нашите тела не се во рамнотежа и не функционираат во хармонија со природата, ништо не изгледа нормално. Тоа е затоа што хормоните, хемикалиите и невротрансмитерите, кои ги одредуваат нашите нивоа на енергија и виталност, не се синхронизирани. Со други зборови, не сме во склад со нашиот биолошки часовник.

Пред широко распространетата употреба на електрична енергија, луѓето легнувале веднаш по зајдисонцето, како што прават многу животни.

2
Фото: Freepik

Ако одиме спротивно на природниот ред и дизајн на нашето тело, ќе ја платиме цената со разни болести и проблеми. На пример, ако вашето тело е преоптоварено со варење тежок оброк или ако сте будни до доцна во ноќта, вашата витална енергија е насочена таму и не е достапна за одмор и обновување.

Главните внатрешни органи на нашето тело работат според „временски распоред“. Знаењето како работи вашето тело може да ви помогне да го регулирате распоредот за да достигнете оптимално ниво на здравје и благосостојба.

21.00 - 22.00 часот - Телото ги елиминира токсичните хемикалии од имунолошкиот систем (лимфни јазли). Најдобро е да заспиете помеѓу 21 и 22 часот за телото правилно да ги извршува овие витални функции.

22.00 - 01.00 часот - Црниот дроб ги елиминира токсините и се регенерира.

00.00 - 04.00 часот - Коскената срцевина произведува крв.

00.01 - 03.00 часот - Жолчното кесе ги елиминира токсините и се обновува.

03.00 - 05.00 часот - Белите дробови ги елиминираат токсините и се обновуваат.

05.00 - 07.00 часот - Дебелото црево ги елиминира токсините и се обновува. Исто така е вистинско време да ги испразните.

07.00 - 09.00 часот - Витамини, минерали, хранливи материи се апсорбираат во дигестивниот тракт. Дефинитивно треба да појадувате во текот на овој период од денот.

Кога соработувате со вашиот внатрешен биолошки часовник и дозволувате природата да функционира, се чувствувате освежени, живи и полни со енергија кога ќе се разбудите.

Легнувањето во кревет пред 22.00 часот е потребно за телото да се одржи во хармонија со природата и да се остане здраво и среќно. Научниците заклучуваат дека на просечно лице му требаат 8 часа сон на ден, што најлесно се постигнува помеѓу 22 - 06 часот.

2
Фото: Freepik

Совети за добар одмор


1. Темна соба без светлина. Зошто? Кога спиеме во тотална темнина, човечкиот мозок произведува хормон наречен мелатонин кој е важен антиоксиданс кој ја штити структурата на ДНК и спречува рак.

2. Излегувајте надвор секој ден и добијте добро количество на природна сончева светлина. Ќе ви помогне во регулирањето на вашиот биолошки часовник и ќе го зголеми производството на мелатонин.

3. Имајте физичка активност секојдневно најмалку 30 минути. Тоа ќе ви го подобри квалитетот на вашиот сон.

4. Избегнувајте силна светлина пред да си легнете затоа што таа го нарушува биоритамот на хипофизата и го спречува производството на мелатонин.

5. Топло туширање пред спиење. Опуштањето на телото ќе ви помогне побрзо да заспиете.

6. На спиење што е можно побрзо: треба да си легнете околу 22 часот.

7. Носете чорапи во кревет.

8. Во спалната не треба да имате ниту телевизор, ниту компјутер, ниту било кој друг електричен уред.

9. Свеж воздух: отворете го прозорецот барем малку за да добиете циркулација на свеж воздух додека спиете.

10. Избегнувајте течности. Не пијте никакви течности најмалку два часа пред спиење.

11. Регулиран сон. Будете се и легнувајте си секој ден во исто време.

12. Спијте преку ден, но да не биде подолго од еден час.

13. Избегнувајте бучава.

14. Шише со топла вода за да се опуштите од напатноста и вознемиреноста. Ставете го шишето помеѓу папокот и долниот дел на градите.

15. Масирајте ја главата за да се опуштите пред спиење.

16. Пред спиење, прочитајте книга што ќе ја подигне вашата свест.

Извор: Atma.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука