X
 03.12.2015 Култура

Бонтонот во 70-те и бонтонот денес

Пред неколку години, во автобус ми се случи крајно апсурдна ситуација. Од седиштето ја кренав мојата 7 годишна ќерка за да седне една постара жена. На следната станица, влезе мајка со ќерка на возраст колку мојата ќерка и ја станаа старата жена за да седне нејзиното дете.

Не постои подобар пример за тоа во каков систем на вредности живееме денес и какво е нашето воспитување. Навистина, кој има предност? Веројатно во некоја анкета мислењата би биле поделени. Моето мислење е јасно - детето од 7 години, здраво, право, перполно со енергија, освен во некоја поголема гужва кога постои опасност да падне, може да стои отколку некој кој е стар и изнемоштен. Всушност, дали познавате некоја старица која кога ќе излезе од автобусот, весело трчкајќи оди во паркот и таму игра со часови, не уморувајќи се?

Освен седењето, познат е трендот и на сериозно паничење кога децата влегуваат и излегуваат од возилото, кое веројатно по навика, не престанува ни тогаш кога децата ќе пораснат над своите родители. За помладите деца важи правилото, кревање и спуштање на тротоарот. Неодамна забележав како една баба го крева својот внук кој всушност беше доста покрупен од неа, додека се качуваше на автобус, а детето воопшто не го подигна погледот од екранот на паметниот телефон кој го држеше во рацете. На крајот на краиштата, што е еден колк кога станува збор за ново поставен рекорд?

Притоа случката ме натера да се сетам на Бонтон за деца од 1970 година - книга која можеше да се изнајми од училишната библиотека.


Читајќи ја сега, налетав на доста интересен дел. Имено, Снежана, главниот лик од книгата, во трамвајот учи лекција за убаво однесување. Таа не и` отстапила место на постара жена, што предизвикало негодување кај останатите патници. Ова е доволно егзотично за денешните стандарди, но потоа следува клучниот дел.

„Дали некогаш девојче си била со мајка ти во трамвај?“, ја прашала постарата жена со нежен глас.

Снежана потврди.

„Дали си седела ти во трамвајот или твојата мајка?“

Снежана ја наведнала главата.

„Мама седеше, се разбира“, продолжила жената. „Замисли како би се чувствувала ти ако некое момче или девојче ја одбие твојата мајка, уморна од одење, кога таа ќе го замоли да и` го отстапи местото за седење. На децата им е многу полесно да стојат отколку на постарите“.


Се обидувам да ја замислам денешната мајка која седи во автобусот додека нејзиното злато стои. Не само што таа самата не би можела да ја поднесе оваа „суровост“, туку веројатно огорчените патници би кренале вистинска револуција. За почеток, веднаш некои постари луѓе со штотуку направена операција и бастун би станал за на кутрото дете да му се направи место, кога веќе бездушната мајка не сака. 

 

Автор: Јована Папан

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура