X
 05.03.2024 Образование

Кои предмети од матурата се соодветни за упис на факултетот на кој сакате да се запишете?

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје ја објави листата со екстерни и интерни предмети од државната матура соодветни за пријавување за упис на студиските програми на најголемиот универзитет во Македонија за кандидатите што полагале државна матура во учебните 2020/2021, 2021/2022, 2022/23 и 2023/24 година.

За сите кандидати, задолжителен екстерен испит е предметот македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература.

Изборен екстерен испит за кандидатите со:

- гимназиско и средно стручно образование се избира помеѓу: математика или странски јазик (англиски јазик, германски јазик, француски јазик и руски јазик);
- средно уметничко образование: се избира помеѓу странски јазик (англиски јазик, германски јазик, француски јазик и руски јазик) или естетика/филозофија.

За интерни испити се одбираат два предмети од:

Листа со наставни предмети за изборниот дел на државната матура во гимназиското образование – математика, странски јазик (англиски, француски, германски и руски), физика, хемија, биологија, историја, географија, класични јазици, ликовна уметност, музичка уметност, филозофија, социологија, информатика - информатика со информатичка технологија (2 + 2 часа), македонски јазик и литература (за учениците кои наставата ја следат на албански јазик или на турски јазик);

Листа со наставни предмети за изборниот дел на државната матура во средно стручно образование – математика, странски јазик (англиски, француски, германски и руски), физика, хемија, биологија, бизнис, историја;
- Листа со наставни предмети за изборниот дел на државната матура во средно уметничко образование - странски јазик (англиски, француски, германски и руски), историја, филозофија, естетика.

Во продолжение табеларно се претставени соодветните предмети за секој факултет при УКИМ.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование