X
 06.07.2020 Образование

ВИДЕО - Проф. д-р Ивица Милевски: Студенти, најважни се знаењето и вештините што ќе ги понесете

Минатиот месец Факултети.мк направи онлајн-анкета во која ги запрашавме студентите кој наставник заслужува пофалба за неговиот труд што го вложил во организирањето на онлајн-наставата.

За професорот Ивица Милевски од Институтот за географија на ПМФ студентите напишаа дека бил најинспиративен и дека имал прекрасен однос кон студентите, умешно пренесувајќи го знаењето на одличен начин.

- Празнината од отсуството во предавална ја надоместува со одличен пристап кон онлајн-предавањата и целосна посветеност - го пофалија професорот.

Сега ние го прашавме што тој има да им каже на студентите. Тој им порача дека не треба да се концентрираат на оценките, туку на знаењето, за кое нагласи дека е најважно.

Погледнете што порача професорот:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование