X
 07.02.2021 Живот

Што се случува во мозокот кога се расправате за политика?

Веројатно го знаете чувството кога се расправате со некој кој има спротивни ставови. Веројатно го знаете и чувството кога разговарате со некого со кого се согласувате. Ново истражување спроведено на универзитетот „Јејл“ ја покажува разликата помеѓу двата вида разговор или дебати што се забележува во мозокот.

Според истражувањето, расправијата активира многу повеќе региони во мозокот отколку разговорот со некој што ги има истите ставови. Истражувањето било спроведено на 38 испитаници на кои им биле скенирани мозоците додека разговарале со лица со кои ги делеле ставовите и со лица со кои не се согласувале на одредени теми.

Очекувано, мозочната активност била синхронизирана помеѓу испитаниците кои се согласувале на сличен начин на кој мозочните бранови кај музичарите се синхронизираат за време на заедничка музичка изведба.


Фото: Pixabay

Од друга страна, кај испитаниците била забележана поголема мозочна активност кога тие не се согласувале, односно во мозокот биле активни повеќе региони. Соодветно на тоа, потребна е многу поголема енергија да се расправате отколку да се согласувате со некого.

Во истражувањето, испитаниците морале да ги слушаат своите соговорници. Истражувачите заклучуваат дека дури и бесот може да биде позитивен, иако расправањето уморува, бидејќи на тој начин ги поттикнува двете страни да размислуваат за своите ставови и чувства и им помага да созреваат.

Автор: Дерек Берес
Извор: bigthink.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот