X
 07.07.2020 Економија

На оваа европска држава ѝ се заканува банкрот и губење на 1.300-годишната независност

Република Сан Марино е во опасност да банкротира поради економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

На почетокот на пандемијата Сан Марино се двоумеше дали да воведе карантин, и сето тоа поради економски причини, откако 1.200 граѓани од вкупно 33.000 беа заразени и се најде на првото место во однос на бројот на заразени во светот. Но, властите биле принудени да воведат рестриктивни мерки.

Уште пред пандемијата банкарскиот систем на Сан Марино бил во колапс, долговите на земјата пораснале на 360 милиони евра, а сега, за да се избегне финансиски колапс, властите бараат помош од првиот сосед, Италија.

Република Сан Марино долги години беше даночен рај, идеално место за прикривање пари и прикривање на компаниите чие богатство сопствениците не можеле да го докажат.

Од 16 банки, 6 банкротирале, а загубите морала да ги надомести државата. Една банка била национализирана.

san marino
Фото: Pixabay

Во последните пет години богатството ѝ е преполовено, БДП пред пандемијата беше помал за 28 отсто, а по карантинот се намалил за уште 12 отсто.

За ублажување на економската криза, Сан Марино ги отпечати државните обврзници „титано“, во вредност од 500 милиони евра. Еден „титано“ вреди едно евро, но тоа не е доволно, фалат пари за исплата на пензии, како и за живот. Се размислува и за воведување данок на додадена вредност, што би било преседан во историјата на најмалата земја во светот.

Италијанските медиуми пишуваат дека доколку не ѝ се помогне на Република Сан Марино, таа може да падне во рацете на кинескиот или рускиот капитал, што потоа тие би можеле да го искористат за да купат гласови во меѓународни институции како ОН, ОБСЕ и слично.

Во Сан Марино живеат околу 10.000 Италијанци што имаат двојно државјанство, па ова е и еден од мотивите што дел од италијанските политичари апелираат да се помогне, бидејќи ако пропадне Сан Марино, тоа ќе биде трагедија за Италијанците.

Извор: B92.net | Ilfattoquotidiano.it
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија