X
 11.07.2020 Образование

ВИДЕО - Чувајте го сопственото здравје, развивајте ја креативноста, ги советува студентите проф. д-р Бистра Ангеловска

Минатиот месец Факултети.мк направи онлајн-анкета во која ги запрашавме студентите кој наставник заслужува пофалба за трудот што го вложил во организирањето на онлајн-наставата.

Меѓу оние за кои студентите испратија најмногу пофалби се најде и професорката Бистра Ангеловска, редовен професор на Факултетот за медицински науки во Штип, на катедрата по социјална фармација и фармацевтска технологија.

- Затоа што е единствена професорка која ја вклучува камерата во текот на онлајн-наставата, со тоа можеме да ја доловиме онаа невербална комуникација која го појаснува подобро материјалот - ja пофалија студенти.

Сега ние ја прашавме неа што има да им каже на студентите.

Погледнете ја целата нејзина порака:


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование