X
 12.03.2021 Образование

Средба на градоначалничката на Битола и проректорот на УКЛО: „Преку Еразмус поддршка на локалната економија и развој на универзитетска летна пракса“

На 11.3.2021 година градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, оствари средба со проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и институционален Еразмус координатор, проф. д-р Марјан Ѓуровски во функција на унапредување на соработката.

- Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во континуитет презема низа активности во насока на зајакнување на капацитетите на студентите со цел зголемување на нивната конкурентност на пазарот на труд, по дипломирањето. Во овој контекст, реализирањето на професионалната пракса е дел од активностите со кои на студентите, во текот на летните месеци, им се дава можност да ги продлабочат и да се стекнат со нови знаења и вештини, што всушност се совпаѓа и со напорите што ќе ги преземаат УКЛО и градот Битола за реализација на универзитетска летна пракса и во насока на промоција студиските програми на УКЛО и настојување за создавање можности за отворање нови работни места во општината и регионот.

На средбата на градоначалничката Петровска и проректорот Ѓуровски се разговараше за проектот на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО за превземање заеднички активности со Општина Битола и ЈП кои се во нејзина надлежност. Пилот-проектот „Универзитетска летна пракса“ би се спроведувал и во останатите општини. Со цел успешно реализирање на вака конципираната идеја, преку повеќе активности ќе се им даде можност на студенти на УКЛО да се вклучат во извршување практична работа во Општината Битола, нејзината администрација, јавните претпријатија кои се во надлежност на Општина Битола, како и во одделните сектори во Општината. Периодот на реализација на ваквата активност би бил во летните месеци, кога дел од вработените го користат годишниот одмор со целосна примена на епидемиолошките мерки. На тој начин ќе се направи спој на теоријата и нужната поголема пракса и искуство на студентите.

средба

- Во претстојниот период ќе се изнајдат механизми УКЛО и Општина Битола заедничи да аплицираат на проекти кои би се реализирале преку европските образовани програми на ЕУ. Еразмус плус мобилноста дава можности престојот на странски студенти и нивното сместување да се организира во приватни капацитети за сместување, со што ќе се помогне и домашната економија и стандардот на граѓаните кои официјално издаваат сместувачки капацитети. Во иднина ќе се направат напори да се создаде т.н. каталог на сместувачки капацитети кои може да се дадат на располагање и користење на странските студенти кои би дошле на размена на единиците на УКЛО, а со користење средства од ЕУ ќе се помогнат домашните ресурси и капацитети во Општина Битола и регионот - рече проректорот Марјан Ѓуровски.

УКЛО е еден од трите препознатливи белези и бренд на градот Битола и заедно со локалната самоуправата, високото образование и науката може многу повеќе да направат за себе и своите граѓани, студенти и професори, како и за локалниот и општествен развој и просперитет, нагласи Ѓуровски.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование