X
 13.09.2018 Култура

Дрвените аеродроми на Русија - едноставен шарм од минатото време

Живееме во ера на аеродроми од стакло и челик. Како да се направени од ист калап: сјајните терминали станаа статусен симбол на секој град. Но, сето ова е друг свет за разлика од руските арктички региони и сибирската дивина. На овие места ќе откриете сосема поинаков тип на аеродроми, изградени во средината на 20 век кога Советскиот Сојуз во воздушниот транспорт пронашол начин за проширување на досегот на државата до секој агол на нејзината територија.

На овие аеродроми нема да најдете бесцарински продавници, брза храна и модни брендови од големите имиња, туку дрвени аеродроми со сопствена убавина. Некои се трошни, но дури и тогаш нивната слабост и едноставност им даваат уникатен и шармантен карактер.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура