X
 21.02.2016 Култура

Умберто Еко: „Не постои ништо што толку исполнува и го врзува срцето како љубовта"

Умберто Еко е еден од најпознатите италијански писатели. На милиони луѓе Еко им дал насока во потрага по смислата. Ви ги претставуваме неговите најпознати цитати.

„Секогаш ме дефинирале како ерудит и филизоф, како тежок писател. Тогаш напишав роман кој воопшто не е ерудитски, кој е напишан на едноставен јазик: „Таинствениот пламен на кралицата Лоана“. Овој роман беше најмногу продаван. Такашто, веројатно пишувам за мазохистите. Само издавачите и некои новинари веруваат дека луѓето сакаат едноставни работи. Луѓето се уморни од едноставни работи. Тие сакаат предизвик“.

„Што е љубов? Не постои ништо на светот, ниту човек, ниту ѓавол, ниту нешто во кое се сомнева како во љубовта, бидејќи продира во душата од било што друго. Не постои ништо што толку исполнува и го врзува срцето како љубовта. Затоа, ако немате оружје со кое ќе ја совладате, душата скока низ љубовта во огромна бездна“.

„Сите приказни кои би сакал да ги напишам ме прогонуваат во мојата соба, како да се околу мене, мали ѓаволи и додека една се обидува да ми се приближи на уво, другата ми го напаѓа носот и секоја ми вели: Господине, напишете ме, прекрасна сум“.

„Утрото на 27 јули 1943 година, ми беше кажано дека фашизмот падна и Мусолини е уапсен. Кога мајка ми ме испрати да купим весник, видов дека весникот од најблискиот киоск има сосема различен наслов. Откако го видов, сфатив дека секој весник пишува за различни работи. Купив еден, и наслепо ја прочитав пораката на првата страна која ја потпишаа пет од шест политички партии - меѓу нив Демоказиа Кристиана, Комунистичката партија, Социјалистичката партија, Партито д'Азионе и Либералната партија. Дотогаш верував дека постои по една партија во секоја земја и дека за Италија тоа беше Партито Национале Фашиста. Сега открив дека мојата земја има неколку партии кои можат да постојат во исто време“.

„Книгите не се напишани за во нив да се верува, туку за да се преиспитуваат. Кога мислиме на книга, не треба да се прашуваме за што станува збор во неа, туку што таа значи“.

„Треба да сум смирен. Да имам разбирање. Зар не велат дека мирот доаѓа од разбирањето? Разбирам. Треба да бидам смирен. Кој рекол дека мирот потекнува од прифаќање на редот, редот кој е сфатен, во кој се ужива, кој се разбира во радост и триумф на крајот на сите маки? Сето тоа е јасно, кристално: окото се одмара на целината и на деловите и сега види како деловите се здружија за да создадат целина“.

„Вистинскиот херој е секогаш херој на грешка; тој сонува да биде искрена кукавица како и сите други“.

„Писателот на „Кодот на Да Винчи“ Ден Браун е лик од „Фукоовото нишало“. Јас го измислив. Тој ја дели мојата фасцинација за ликовите - светските заговори. Се сомневам дека можеби Ден Браун воопшто и не постои“.

„Чарли Браун е наведен како најчувствителното дете кое се појавило во стрип, лик способен за шекспировски промени на расположение; а моливот на Шулц успева да ги наслика овие варијанти со многу значење и во тоа има нешто чудно. Текстот, секогаш интересен, е засилен со цртежите способни да ги отслика сите најсуптилни психолошки нијанси на секој лик. Така секојдневната трагедија на Чарли Браун е нацртана во нашите очи со екстремна острица“.

„Како се чувствува една личност кога гледа во небото? Мисли дека нема доволно зборови да опише она што го гледа. Сепак, луѓето никогаш не престануваат да го опишуваат небото, едноставно набројувајќи го она што го гледаат... Имаме граница, која е доста обесхрабрувачка и понижувачка: смртта. Затоа ни се допаѓаат работи за кои мислиме дека немаат граница, а со тоа немаат ни крај. Тоа е начин да побегнеме од мислите за смртта“. 

„Дојдов до заклучок дека целиот свет е енигма, безопасна енигма која е создадена од стравот на нашите луди обиди да ја интерпретираме како да крие некаква темелна вистина“.

„Луѓето никогаш не биле целосно и ентузијастично злобни како кога делуваат со своите религиозни верувања“.

„Отсуството за љубовта е она што е ветерот за огнот: го гаси малиот пламен, но распалува голем“.

„Сите поети пишуваат лоша поезија. Лошите поети се објавени, а добрите изгорени“.

„Љубовта е помудра од мудроста“.

„Што е животот, а кон е е сенка на минливиот сон?“

„Влегувањето во роман е исто како искачување на планина: морате да го научите ритамот на дишењето, да држете темпо, инаку ќе се откажете уште на почеток“.

„Ништо повеќе на исплашен човек не му дава храброст како туѓиот страв“.

„Лудаците и децата секогаш ја кажуваат вистината“.

„Каде на друго место? Припаѓам на изгубената генерација и удобно ми е само во друштво на другите изгубени и осамени“.

„Кога човек ќе престане да верува во Бог, тоа значи дека престанал да верува во било што. Тогаш тој верува во се`“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура