Цела година вевчанци ги изработуваат своите маски што традиционално ги презентираат на 13 јануари, на главниот настан во годината за нив – познатиот Василичарски карневал посветен на свети Василиј Велики. Нивните креации се сработени со единствена цел – на смешен, подбивен начин да исмејуваат познати, непознати ликови и да коментираат настани што ставија печат на старата 2019 година.
Погледнете дел од годинашните маски на вевчанци!
Фото: Борче Поповски