X
 15.03.2020 Наша тема

Коронавирусот во фокусот на нашите истражувања, интервјуа со професори, со нашинци во Италија. Што објавивме неделава?

Дали сме подготвени да се соочиме со епидемија од коронавирус, ќе нè спаси ли топлото време од ширењето? Како ќе се одрази врз македонската економија, што раскажуваа нашинците во Италија, како туристичката агенција од Скопје ќе се раздолжи со студентите што решија да ја откажат апсолвентската екскурзија низ Европа. Ова се темите што ги истражувавме неделава, а фокусот беше на епидемијата, која полека прерасна во пандемија.

Проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог

Што може да очекуваме со коронавирусот, дали сме подготвени да се соочиме со епидемија, ќе нè спаси ли топлото време за да се намали ширењето, како да постапиме ако сме биле во контакт со заразен, кога е најзаразен инфицираниот? Прочитајте во интервјуто со епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, раководител на Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика.

Проф. д-р Владимир Филиповски

Како кризата со коронавирусот ќе влијае врз македонската економија? Светската економија несомнено трпи огромни штети поради пандемијата на коронавирсот. Светот е исправен пред огромен предизвик, вели Владимир Филиповски, редовен професор на Економскиот факултет при УКИМ. Тој објаснува кои се најголемите проблеми со кои се соочува светската економија, какви ќе бидат последиците врз Македонија, но дава и свои препораки како полесно да се надминеме кризата.

Александар Јовановски

Италија, по Кина, и официјално е втората земја во светот опфатена со новиот коронавирус (Ковид-19), според светската мапа на ширење на заразната болест што ја креира Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Италија е под карантин, а што подразбира тоа разговараме со Александар Јовановски, докторанд на Универзитетот во Торино, на одделот за клинички и биолошки науки, во лабораторијата за молекуларна медицина и онкологија. Тој е еден од петтемина лекари од Македонија што во моментот се наоѓаат во Торино.



Нашинците раскажуваат за животот во карантин во Италија. Цела Италија е во црвена зона поради коронавирусот. Затворени училишта и градинки, забранети јавни собири, посебни дозволи за да се премине во друго населено место... Каков е животот деновиве во Италија, како се справуваат жителите со изолацијата и што најмногу ги плаши?

Фото: Pixabay

„Коронавирусот пречка за апсолвентската екскурзија, студентите си ги бараат парите назад - „Рапсоди травел“ тековно ќе ги обесштетува“. Ги пренесовме ставовите на студентите и на туристичката агенција откако ситуацијата кулминира на социјалните мрежи.


Нашите претставнички

Обединетите нации го прогласија 14 март за Меѓународен ден посветен на математиката, симболично во чест на бројот ПИ (3,1415..). Што значи математиката за нашите млади математичари? Ги прашавме четирите средношколки што ќе нè претставуваат на Европската женска математичка олимпијада (ЕГМО 2020).

Фото: Борче Поповски

Над 90 отсто од вкупно собраната отпадна пластична амбалажа во Скопје што заминува на рециклирање ги собираат неформалните собирачи. Се претпоставува дека над 800 семејства во главниот град живеат исклучиво од собирањето, а на голем број им носи дополнителна заработувачка. Ова е приказната за нив.


Охридката гимназија

Охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ гордо го носи името на просветителот, светецот и заштитник на градот. Речиси еден век во едукативниот развоен процес на средношколската установа се едуцирале многубројни генерации ученици, познати и помалку познати личности. Денес, во гимназијата настава посетуваат 750 средношколци во неколку наставни насоки, а за нивната едукација се грижат 55 професори. Ова е приказната за бегот кој на охриѓани им ја подари најубавата гимназија.
Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема