X
 15.07.2018 Живот

Следниот Мундијал ќе се одржи во зима и сите кажуваат една иста шега за тоа

Денес завршува Светското првенство во фудбал, кое донесе возбуда за многу нации, а едни од повозбудените беа Англичаните. Напорите на англискиот тим во текот на изминатиот месец ја вратија гордоста кај луѓето, а гордоста некогаш може да го натера народот да прави прекрасни, но и чудни нешта.

Несомнено, најголем тренд беа шегите со „Доаѓа дома“ (It's coming home) и иако не се врати дома, накратко, сето тоа беше многу забавно.

Сега веќе можеме да го чекаме следното првенство, кое во 2022 година ќе се одржи во Катар, што за многумина е контроверзно. Имаше многу дискусии за тоа зошто оваа земја од Блискиот исток, која и нема некоја фудбалска историја, беше избрана за домаќин на првенството. Во еден момент беше предложено првенството да се префрли од лето во зима за да се избегнат големите жештини кои го зафаќаат Катар. Сега и официјално е потврдено дека следниот Мундијал ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година. Тоа може да биде непогодно за многу луѓе бидејќи терминот се совпаѓа со домашните првенства и со подготовките за Божиќ.

Сето ова ги инспирираше луѓето. Ако не „доаѓа дома“ оваа година, тогаш сигурно ќе дојде во 2022, така? Па, значи „доаѓа дома“ за Божиќ?

Ако сте го слушале Крис Рија, веќе знаете што значи ова.


Твитерџиите веќе го променија текстот на песната.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот