X
 06.06.2016 Образование

Сакате паметни деца? Погрижете се да го научат ова

Доколку имате деца кои одат на училиште, колку време трошат за да научат да пишуваат ракописно? Веројатно не многу доколку го поминале првото одделение. Ова изгледа како добра работа, но се` повеќе научни докази покажуваат дека пишувањето ракописно и убавиот ракопис имаат поволности за децата. Ова се само неколку.


Децата кои учат како да пишуваат ракописно учат и да читаат подобро

Децата кои посветуваат внимание на ракописно пишување, подобро читаат, а освен тоа, тие имаат повеќе идеи и подобро помнат информации, смета психологот Марија Коникова. Многумина го искусиле феноменот кога помнат нешто откако ќе го запишат.

Пишувањето ракописно активира дел од мозокот

Ново истражување покажува дека пишувањето ракописно активира посебен дел од мозокот кој не се активира при типкањето. Затоа, за децата да имаат целосно активни мозоци треба да типкаат и пишуваат.

Ја зголемува креативноста

Истражување од Универзитетот во Вашингтон покажало дека децата кои пишуваат со рака наместо со тастатура пишуваат побрзо, но и добиваат повеќе идеи во процесот.

Учат моторни вештини

Часовите кои ги учат децата на моторни вештини и како да ги користат своите раце прават разлика во иднина. Учењето ракописно пишување им помага на децата да ги добијат овие вештини.

Може да помогне во спречување на дислексија

Истражување покажало дека ракописното пишување може да помогне во спречување на дисграфијата, во која луѓето имаат проблеми во правилното пишување на буквите. Дислексијата е нешто различно, но двете состојби често се појавуваат заедно и големи се шансите дека она што помага во едното помага и во другото.

Децата со поубав ракопис имаат поактивни мозоци

Истражување од Универзитетот во Вашингтон покажало и дека децата со убав ракопис имале поголема нервна активност отколку децата со лош ракопис. Не се знае која е причината за ова, но паметно е да се поттикнуваат сите деца да вежбаат пишување со рака.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование