X
 29.08.2016 Здравје

Зошто постојано сте уморни?

Повремениот умор како последица на прединамично темпо на денот е нормален. Но, ако се чувствувате уморни поголем дел од времето причинителите може да се поголеми од обична истоштеност од динамиката.

умор


Превентивните мерки може да спречат многу посериозни болести, а тие се состојат во едноставни секојдневни навики:

1. Дури и мало дехидрирање на организмот доведува до пад на нивото на енергијата, расположението и когнитивните способности. Водата е од суштинско значење на правилно функционирање на мозокот. Затоа внесувајте доволно вода во текот на денот, барем 1,5 литри. Ќе забележите огромна разлика по неколку дена.

2. Прескокнувањето оброци е исто така лоша навика што придонесува за истоштеноста, особено ако имате повеќе работни одговорности од просечни 8 часа дневно. Оброците служат за телото да ја троши енергијата што се согорува од хранлвите состојки, па кога прескокнувате, се трошат резервите. Најдобро е да јадете помали оброци во текот на денот и да си вклучите мали ужини со овошје, зеленчук, јаткасти плодови и слично.

3. Постојаното проверување на телефонот, или работење на лап топот во поголемиот дел од денот, па и до пред спиењње е една од причините за истоштеност. Светлината што се емитира ја нарушува хемијата во мозокот особено мелатонинот. Искористете го времето што не сте обврзани да го минувате пред екраните за друга активност: читајте книги, дружете се со луѓето во живо или минувајте време во природа.

4. Масната храна предизвикува истоштеност, а јаглехидратите имаат спротивен ефект. Консумирајте овошје, интегрален ориз, сладок компир, а одбегнувајте храна готвена во тешки масла. Незаситени масти можете да консумирате преку авокадо, семиња и јаткасти плодови.

5. Една чаша вино пред спиење се чини дека делува, но алкохолот пред спиење го крева нивото на инсулин и наместо мирен сон, цела вечер ќе ја менувте положбата на спиење. Затоа, ако пиете алкохол, практикувајте да го консумирате порано во текот на денот.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје